Преку пракса до вработување во ФУЛМ

marija Настани и Промоции, Студенти

Преку пракса до вработување во Штедилница ФУЛМ

Во време кога многумина ја гледаат својата иднина надвор од државата, една македонска компанија има визија како да делува во рамките на своите можности и да го смени начинот на размислување, особено на младите.  Штедилница ФУЛМ им нуди практикантска работа на студентите на сите факултети и универзитети во Македонија, со тоа што предност имаат студентите од општествените науки, особено економските, правните и информатичките науки.  Вработените во ФУЛМ  несебично им го пренесуваат знаењето и работното искуство на практикантите, давајќи им бројни професионални совети, а на дел од нив компанијата им понудува вработување.

Меѓу нововработените по практичната работа, се најдоа Елена Шерденкова, Маја Трпчевска Лиотиковска и Моника Марковска, кои ги споделуваат своите искуства и впечатоци во продолжение.

  1. Зошто аплициравте за практикантска работа во ФУЛМ?

– Аплицирав во Штедилница ФУЛМ за практикантска работа бидејќи видов одлична можност за стекнување  знаења и вештини кои сигурно би ми користеле за градење на кариера во иднина и навистина беше така – вели Елена Шерденкова, вработена како референт во Филијалата во Битола.

Маја Трпчевска Лиотиковска, координатор за кредити и депозити во Филијалата Тиквешија – Кавадарци вели: Како студент имав голема желба да одам на пракса во финансиска институција која е различна од другите,  а после 4 години, за ФУЛМ го тврдам тоа. Како млад студент бев мотивирана и сакав да научам како функционира  ФУЛМ и што им нуди на жителите на нашава држава.

– За Штедилница ФУЛМ дознав додека студирав. Аплицирав за практикантска работа затоа што сакав да видам како функционира една финансиска институција која ги задоволува финансиските потреби на населението кое не може да добие финансиски услуги на друг начин- вели Моника Марковска вработена во Централата на ФУЛМ во Скопје.

2.Колку време траеше вашата практикантска работа ?

 Елена: Мојата практикантска работа траеше шест месеци 

 Маја: Одев на пракса еден месец, а кога ми се јавија исто за на пракса следниот пат, всушност ја добив и работата. Тоа беше големо изненадување за мене, како штотуку завршен студент 

Моника: Во моето четиригодишно студирање,  секое лето по месец дена посетував практикантска работа во Штедилница ФУЛМ. Една од најважните работи што можете да ја добиете од практикантска работа е ново знаење. Ова вклучува исполнување задачи кои се релевантни за вашата посакувана кариера и изострување на вештините кои веќе ги поседувате.

  1. Кои знаења и вештини ги стекнавте за време на практикантската работа?

Елена: Во тој период научив како се комуницира со клиенти, што значи  тимска работа, научив за основите на банкарското работење – 

Моника: Добив чувство на професионализам и појасно гледиште за тоа што значи да се биде во професионалниот свет 

Маја: Би сакала да ги пофалам моите колеги кои ми беа максимално посветени во тој период и покрај обемноста на нивната работа. Научив дел од процедурите важни за функционирањето на ФУЛМ. Ја осознав нивната визија, мисија и она што ја прави оваа штедилница различна од другите. Архивирав документи, средував досијеа, пополнував апликации, ја средував тековната документација итн. Научив дека во ФУЛМ се работи со доверливи податоци и информации и дека е неопходна максимална дискретност и посветеност на работата.

4.Каков беше односот на Вашите ментори додека траеше практикантската работа?

Маја: Како што веќе спомнав, бев  изненадена од нивната посветеност и несебичност во споделување на нивното знаење. Работев во пријатна атмосфера и секојдневно учев од нив, усовршувајќи бројни вештини 

Моника: Моите ментори беа секогаш подготвени да ме научат и да ми укажат  на нови работи. Имаа неверојатно трпение да ми помогнат во секое време 

5.Како се чувствувавте кога ви беше понудено работно место во ФУЛМ?

Моника: Искрено, не очекував. Бев многу изненадена кога ми се јавија и веднаш се согласив затоа што точно знаев во која финансиска институција се вработувам.

Елена: Во моментот кога ми беше понудена работа во ФУЛМ се чувствував среќна и горда на себеси бидејќи мојот труд за време на практикантската работа навистина беше препознаен и вреднуван.

Маја: Бев многу изненадена што од сите практиканти се сетиле на мене. Истовремено бев и среќна и збунета. Почувствував  страв бидејќи не знаев како би се снашла во работата како штотуку дипломиран економист без работно искуство. Да кажам, ФУЛМ ме земаа од студентска клупа, им благодарам.

6.Зошто одлучивте да ја прифатите понудата за вработување во ФУЛМ?

Маја: Затоа што сакав да работам со странки, кредити и депозити. Сакав да работам во пријатна атмосфера во институција која инвестира во моето знаење и надградба, институција која работи со сите категории  на граѓани без никакво ограничување. Во ФУЛМ знаев дека ќе биде така. Не згрешив, па сега благодарение на мојот избор станав член на една голема фамилија.

Елена: Работата во ФУЛМ ја прифатив бидејќи сакав да придонесувам за компанијата и оваа работа ми претставува предизвик да ги докажувам своите квалитети.

Моника: Во периодот кога бев на практикантска работа се здобив со големо знаење благодарение на вработените во Штедилница ФУЛМ. Атмосферата за работа е одлична  и има можност за напредок во кариерата.

7.Препорака до младите кои бараат работа?

Маја: Моето искуство покажа дека имав среќа при моето прво вработување. Барав  осумте часа на работа да ме исполнуваат и да ме прават среќна. Моја препорака е секој да си ги постави своите приоритети и да си се раководи според нив.

Моника: Практикантската работа е можност да ги испробате сите вештини што сте ги развиле на факултет и да видите како тие функционираат во реалниот свет. Би ги советувала сите млади да ја искористат можноста и да посетуваат практикантска работа.

Ти се допаднаа приказните на нашите колешки? Имаш план да стекнеш нови знаења и вештини во областа на финансиите и сакаш да си дел од компанија која постојано вложува своите вработени?

Прочитај за можностите за практиканска работа во ФУЛМ на www.fulm.com.mk/studenti/

Аплицирај со твоето CV на info@fulm.com.mk 

За повеќе инфо слободно контактирај ги Маја, Елена и Моника 😊

maja.t@fulm.com.mk  ; elena.s@fulm.com.mk ; monika.m@fulm.com.mk

Те очекуваме 😊