Како се креираше дизајнот на мобилната апликација mFULM?

marija Decata na FULM, Настани и Промоции

Во процесот на дигитализација на нашите финансиски услуги, изминатиот период работевме на изработка на мобилна апликација којашто ќе Ви ги овозможи придобивките за користење на Електронско банкарство на Штедилница ФУЛМ!

Нашиот тим на мали креативци за оваа цел заедно работеше на подготовката на дизајнот на мобилната апликација mFULM.

Имаше навистина голема бура на креативни идеи и секој од нив допринесе со својот оригинален и уникатен предлог за тоа како да изгледа мобилната апликација.

Кога конечно беа задоволни, заеднички ни го претставија крајниот резултат од нивниот предлог-дизајн

Како ви се допаѓа дизајнот на нашите млади дизајнери ?

Предлог-дизајнот брзо ги освои нашите симпатии и веднаш почнавме со креирање на дизајнот на Мобилната апликација. Па еве го финалниот изглед.

Мобилната апликација mFULM e веќе достапна за користење и можете да ја преземете тука:

Дознајте повеќе за функционалностите и предностите на мобилната апликацијата mFULM

 

Повеќе за можностите и начин на користење на Електронско банкарство на ФУЛМ прочитајте на следниот линк

https://www.fulm.com.mk/elektronsko-bankarstvo/