mk

en

sq

 

Датум: 28/05/2017

Време: 16:32:56

За ФУЛМ | Профил

Штедилница ФУЛМ на македонскиот финансиски пазар е присутна од 1999 година, кога ја имплементираше и првата штедно-кредитна унија во Македонија. Во текот на своето постоење Штедилница ФУЛМ, успеа да се позиционира на македонскиот финансиски пазар, на кој зазема сe позначајно место. Тоа е резултат на побрзиот, поедноставниот и поквалитетниот пристап на населението до финансиските услуги што ги нуди ФУЛМ. Штедилница ФУЛМ располага со мрежа од шест филијали: филијала Муртино во Струмица, филијала Полог во Тетово, филијала ЈСП во населба Аеродром и шалтер во населба Автокоманда во Скопје, филијала Тиквешија во Кавадарци, филијала Битола во Битола, Централата во Скопје која ги опслужува останатите региони во Република Македонија. Стратегијата на ФУЛМ е отварање нови филијали во 14 региони, преку кои комплетно ќе биде покриена територијата на Република Македонија. Реализирајќи ја својата деловна стратегија, Штедилница ФУЛМ постојано имплементира нови кредитни и депозитни продукти. Активностите на Штедилница ФУЛМ се реализирани со финансиска поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД - USAID и со техничка помош од Светскиот совет на кредитни унии - WOCCU преку Здружението на граѓани ФУЛМ. ФУЛМ воспостави партнерски однос со Лигата на кредитни унии од Мичиген - MCUL, со програмата „Луѓе им помагаат на луѓе“ како и со Полската кредитна унија - SKOK. Ова партнерство овозможи квалитетната едукација на вработените, што е од голема важност за понатамошниот развој на Штедилницата. ФУЛМ е финансиска институција, која го опслужува делот од населението кое на друг начин не може да добие финансиски услуги. Штедно кредитните унии обезбедуваат услуги за повеќе од 217 милиони луѓе од целиот свет во 105 земји. Во таа насока и ФУЛМ различна од другите финансиски институции, обезбедува финансиски услуги за да им помага на определена група луѓе, кои имаат заедничка врска од географски, социјален и бизнис аспект. Така, Штедилницата врши активно мобилизирање на заштедите на своите членови и ги реинвестира овие средства. Активностите на ФУЛМ се фокусирани на потребите на обичните луѓе, со што директно се придонесува за доброто на локалните заедници. Потврда за успешното работење на Штедилницата ФУЛМ е фактот што повеќе од 15.000 членови ја изразија довербата, користејќи ги услугите на ФУЛМ. Успехот што го постигна ФУЛМ е резултат на огромното залагање и деловниот ентузијазам на вработените во Штедилницата ФУЛМ. Благодарение на визионерскиот начин на дејствување на Управниот одбор на Основачот и Управниот одбор на Штедилница ФУЛМ, мисијата „Луѓе им помагаат на луѓе“ стана синоним за препознатливост на брендот „ФУЛМ“. Штедилница ФУЛМ меѓународно се користи како пример за иновативна и прогресивна штедно кредитна унија. Согласно нашата визија, Штедилницата ФУЛМ и во иднина ќе продолжи со континуиран развој на финансиските услуги во корист на сите граѓани на Република Македонија.

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 11/05/2017