mk

en

sq

 

Датум: 28/05/2017

Време: 16:32:25

За ФУЛМ | Партнерски програми | SKOK

 

Соработка меѓу кредитните унии на Македонија и Полска

 

На основа на постоечката соработка за развој на кооперативното движење и желбата за понатамошно зацврстување на соработката, на 04 Април 2008 година и официјално беше потпишан Договорот за соработка меѓу Здружението на Граѓани ФУЛМ од Македонија и Националната Асоцијација на Кредитни Унии од Полска. Целта на договорот е сестрана соработка меѓу ФУЛМ и Асоцијацијата од Полска во нова фаза на заеднички активности кои се состојат во размена на знаење, реализација на заеднички проекти кои се однесуваат на пренесување на професионално, техничко и компјутерско знаење и проекти кои ќе бидат поддржувани од други меѓународни и владини организации. Покрај веќе воспоставените партнерски односи со Лигата на Кредитни Унии од Мичиген, САД и програмата “Луѓе им помагаат на луѓе”, oваа соработка на ФУЛМ претставува уште една потврда за успешноста на движењето на штедно кредитните унии во светот.

 

 

 

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 11/05/2017