mk

en

sq

 

Датум: 26/09/2017

Време: 05:33:02

За Штедилницата | Општествени активности | Спонзорства и донации

• Штедилница ФУЛМ, донираше пакети со храна на Црвениот крст- Македонија

Општествената одговорност е трајна определба на Штедилница ФУЛМ. По повод денот на благодарноста 24 Ноември 2016 и Меѓународниот ден на гладта, на 11 Ноември 2016 година, Штедилница ФУЛМ, донираше пакети со храна на Црвениот крст- Македонија, како дел од кампањата Мислете на нас ( Think of us), во организација на Американската Стопанска комора во Македонија (AmCham Macedonia). Донацијата е наменета за социјално најранливите категории во Република Македонија и за ублажување на сиромаштијата.

• Штедилница ФУЛМ донираше пакет за ублажување на сиромаштијата за Црвен крст

По повод Денот на благодарноста, 25 Ноември, 2015 година, Штедилница ФУЛМ, со донација на Црвениот крст, како дел од кампањата Мислете на нас, или Think of us, а во организација на AmCham Macedonia, повторно ја искажа својата општествена одговорност кон социјално најранливите категории во Република Македонија за подигање на свеста и помошта за ублажување на сиромаштијата меѓу локалните семејства.

• Штедилница ФУЛМ донираше во Клиниката за ортопедски болести во Скопје (Мајчин дом)

Штедилница ФУЛМ, филијала ЈСП од Скопје на 03.07.2008 година, согласно проектот за корпоративно социјална одговорност, донираше техничка опрема. Целта на оваа донација е подобрување на условите на болничкото лекување на децата (пациенти) во Клиниката за ортопедски болести во населба Аеродром во Скопје (Мајчин дом).

• Штедилница ФУЛМ донираше за манастирот “Св. Преображение”

Штедилница ФУЛМ во мај 2008 година додели парична помош за доизградба на манастирот “Св. Преображение” во Крушево. Манастирот со свои средства почна да го гради Тоше Проески заедно со семејството.

• Штедилница ФУЛМ ги поддржа активностите на струмичкиот карневал

Штедилница ФУЛМ, Филијала Муртино од Струмица во периодот од 08-12 Март 2008 година ги поддржа активностите на струмичкиот карневал поврзани со Тримерските празнувања како културна традиција по која Струмица во последните години претставува препознатлив град не само во Република Македонија туку и пошироко.

• Штедилница ФУЛМ донираше новогодишни пакетчиња во Кавадарци

На 27 декември 2007 година Штедилница ФУЛМ, Филијала Тиквешија од Кавадарци донираше новогодишни пакетчиња за децата од паралелката со посебни потреби при основното училиште Страшо Пинџур во Кавадарци.

• Штедилница ФУЛМ донираше новогодишни пакетчиња во П.О.У. Д-р Златан Сремац во Скопје

На 26 декември 2007 година Штедилница ФУЛМ донираше новогодишни пакетчиња за децата со посебни потреби при основното училиште Д-р Златан Сремац од Скопје.

• Штедилница ФУЛМ го поддржа квиз натпреварот од областа на сообраќајот во Кавадарци

Штедилница ФУЛМ, Филијала Тиквешија од Кавадарци го поддржа квиз натпреварот од областа на сообраќајот кој се одржа на 30 ноември 2007 година во основното училиште Тошо Велков Пепето во Кавадарци. За најдобрите учесници Штедилница ФУЛМ донираше три мобилни телефони.

• Штедилница ФУЛМ активно вклучена во хуманитарната акција на Здружението “ИДНИНА”

Во ноември 2007 година започна хуманитарната акција на Здружението на децата без родители од детските домови на Република Македонија – ИДНИНА, Скопје. Целта на оваа акција е собирање средства за обезбедување на електрични апарати за домаќинството како и овозможување на децата без родители со навршени 18 години да се здобијат со возачка дозвола од Б категорија. Поаѓајќи од хуманоста како најсветла доблест, Штедилница ФУЛМ активно се вклучи во оваа хуманитарна акција со цел да придонесе за подобар и барем малку поудобен живот на овие млади луѓе.

• Штедилница ФУЛМ и искра надеж за порадосно и подобро утро на семејството Ангелески од Прилеп

Штедилница ФУЛМ во ноември 2007 година овозможи хуманитарна помош на семејството Ангелески од Прилеп. Овој хуман гест за миг им ја врати надежта за порадосно и подобро утро на родителите Тони и Нелита и нивните 4 малолетни деца.
• Штедилница ФУЛМ со поддршка на еден од најдобрите спортисти – пливачи, Моника Трајковска

Штедилница ФУЛМ во 2007 година ја поддржа пливачката Моника Трајковска која е државен првак во повеќе дисциплини во својата категорија, а работи и се подготвува под раководство на олимпиецот Александар Миладиновски. Моника Трајковска како член на АПК Студент од Скопје спаѓа во редот на најдобрите спортисти – пливачи во нашата држава и е потенцијален кандидат за следните Олимписки Игри, Пекинг 2008 и Лондон 2012.

• Штедилница ФУЛМ во подобрување на живеењето на граѓаните на Општина Кавадарци

Во мај 2007 година Штедилница ФУЛМ, Филијала Тиквешија од Кавадарци во соработка со Градоначалникот на Општина Кавадарци, донираше теписон во општината како реална поддршка во подобрување на живеењето на граѓаните на Општина Кавадарци.

• Штедилница ФУЛМ помогна во одбележување на матурска прослава на воспитаник од Детскиот дом “11-ти октомври”, Скопје

Во мај 2007 година на покана од Сојузот на Организации на Жените на Македонија (СОЖМ) како долгогодишен партнер на Детскиот дом “11-ти октомври” Скопје, Штедилница ФУЛМ несебично се вклучи во подготовките на матурската прослава на матурантот и воспитаник Емран Рамаданов.

• Штедилница ФУЛМ учествуваше во кампањата на “ХУМАНА”

На 6 март 2007 година, Штедилница ФУЛМ го поддржа хуманитарниот настан на неформалната лоби група “ХУМАНА” и Националниот Совет на Жените на Македонија (СОЖМ) кои во универзалната сала во Скопје организираa ревија на костуми од доајенот на македонската опера Г-ѓа Милка Ефтимова и уметничко забавна програма со најпознатите македонски музички имиња. Собраните средства се наменети за подобрување на условите за престој и работа во психијатриската болница Негорци.

• Штедилница ФУЛМ се вклучи во аукцијата Sauvignon Blanc 2005 - за арно за убаво

На аукцијата Sauvignon Blanc 2005 што се оддржа во 2005 година, Штедилница ФУЛМ купи еден пакет вина Sauvignon Blanc 2005 од винарската визба Попова Кула. Средствата од аукцијата се наменети за Ј. У. Специјален Завод - Демир Капија и ќе се искористат за потребите на Заводот.

• Штедилница ФУЛМ донираше новогодишни пакетчиња во Ј.У. Специјален Завод – Демир Капија

На 29.12.2004 година Штедилница ФУЛМ во соработка со Сојузот на Организации на Жените на Македонија (СОЖМ) учествуваше во заедничката акција на доделување новогодишни пакетчиња на децата штитеници од Специјалниот Завод – Демир Капија.

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 20/09/2017