mk

en

sq

 

Датум: 25/11/2017

Време: 04:44:21

За ФУЛМ | Настани | Ден на кредитни унии

 


,,Огромниот сертификат за победник и добитник на студентска стипендија, не е само пarче хартија туку тоа има многу поголемо значење за мене: ми помогна со студиите, ме мотивираше и ме потсетуваше дека вратите на ФУЛМ се постојано отворени за мене. Штедилница ФУЛМ е институција која се грижи за нас студентите, ни дава поддршка и ни го олеснува патот кон професионалниот живот...” (изјава на првиот стипендист на ФУЛМ). 
Горди сме на овој став, што е силна потврда за влијанието на ФУЛМ во поддршката и напредокот на младите во Република Македонија.


Вашите соништа се остваруваат тука!

ДЕНЕС ПРОСЛАВУВАМЕ ВО СИТЕ ФИЛИЈАЛИ НА ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ, сите заедно, свесни колку стотици соништа се остварени тука!
Нека е среќен денот на сите членови на кредитните унии,
и на оние идните ченови - чии соништа допрва ќе се остварат со нас!

Во согласност со интернационалната тема на денот на кредитни унии: ,,Вашите соништа растат тука” и интересот на студентите за Work & Travel програмата, како и користењето на W&T кредитите на ФУЛМ Штедилница, оваа година, ПОБЕДНИКОТ и добитник на студентската стипендија на Натпреварот со наслов: My Work & Travel dream, ќе биде прогласен на централната прослава на

Интернационалниот ден на кредитните унии
на 19 октомври 2017, на Педагошкиот факултет во Битола

ФУЛМ стана дел од Македонското секојдневие и сигурна потпора во реализација на плановите, желбите и потребите на членовите на ФУЛМ... Во изминатите 18 години, со опслужени близу 20.000 луѓе, Штедилница ФУЛМ во голема мера изврши влијание на полето на микрофинансирање и ги приближи финансиските услуги до: вработените и невработените лица, студентите, пензионерите и земјоделците, и особено до финансиски исклучените категории на население, особено помеѓу жените и младите..

Сигурни сме дека овој настан ќе ја подигне свесноста за кредитните унии, како финансиски институции што ги ставаат луѓето пред профитот и чија визија е да обезбедат поквалитетно живеење. 

Со почит, Штедилница ФУЛМ
www.fulm.com.mk

Оваа година, темата на Меѓународниот ден на кредитни унии (ICU day) е „Автентичната разлика“. Вистинско време е да се потсетиме што е она што ги прави кредитните унии навистина уникатни и кои се нејзините предности. Кредитните унии оваа година ја одбележуваат со истакнување на нивната автентичност, преку 9-те принципи, на кои се темели различноста на кредитните унии од другите финансиски институции. Штедилница ФУЛМ оваа година особено внимание посвети на принципот на континуирана едукација, бидејќи
Младоста и ентузијазмот, креативноста и знаењето го движат светот!
Во оваа насока, прославата на
Интернационалниот ден на кредитни унии, 20 октомври 2016 година,
се одржа токму меѓу младите и студентите, на Економскиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј " во Скопје, промовирајќи ги кредитните унии како студентска можност и придобивка, со што беше доделена, втора година по ред, Студентската стипендија за 2016 година, за покажани најдобри резултати на ФУЛМ интернет-прашалникот на тема познавање на кредитните унии, во конкуренција со повеќе од 100 кандидати. Студентската стипендија е обезбедена од Фондот за студентски стипендии, кој пред 2 години го основаа MCUL, САД и ФУЛМ Македонија за поддршка на студентите и нивната едукација.
Ние сме сигурни дека овој настан ќе ја подигне свеста за кредитните унии, со што ќе се зголеми членството низ целиот свет, а со тоа и остварување на визијата на Светскиот совет на кредитни унии за 2020 година – 260 милиони членови низ целиот свет!
Според статистичкиот извештај за 2015 година,
60.500 кредитни унии,
во 109 земји во светот,
опслужуваат 223 милиони луѓе.
(www.woccu.org)

На 15 октомври 2015, 217 милиони членови на кредитни унии низ светот ќе го прослават Интернационалниот ден на кредитните унии, годишен настан кога се одбележуваат достигнувањата на кредитните унии, кои од година во година заземаат сė позначајно место во светот. Во чест на овој посебен ден, а водени од мотото: Луѓе помагаат на луѓе, ЗГ ФУЛМ и Штедилница ФУЛМ, како полноправна членка на Светскиот совет на кредитни унии (WOCCU), ги покануваат своите членови и целата заедница, заеднички да го прослават овој ден во своите филијали во Скопје, Кавадарци, Битола, Струмица и Тетово.

Оваа година, овој ден ќе биде одбележан со несекојдневен настан, насловен како:

„Да го насликаме заедништвото - меѓусебната помош нė поврзува”

каде сите членови ќе насликаат заедничка слика на платно, кое ќе биде симбол на меѓусебната поврзаност. Истиот ден ќе биде објавен и добитникот на годинешната студентска стипендија, која ќе му биде доделена на победникот на натпреварот за најдобар есеј на тема: „Значењето на кредитните унии за светот и за Македонија”, кој беше организиран од страна на Штедилница ФУЛМ, ЗГ ФУЛМ и Лигата на кредитни унии од Мичиген, САД, со цел да им се даде поддршка на младите во Република Македонија во нивниот едукативен развој.

Во пресрет на 15 годишнина, Штедилница ФУЛМ продолжува традиционално да го празнува Меѓународениот ден на кредитни унии (ICU Day). Од далечната 1948 година, Меѓународниот ден на кредитни унии се слави на третиот четврток во месец Октомври.

Преку 20.000 корисници на кредити и членови на Штедилница ФУЛМ, во текот на изминатите години, се запознаа со големото дело што кредитните унии го прават во целиот свет, давајќи им можност на членовите да ја креираат
историјата на движење на кредитните унии .

Кредитните унии, во повеќе од 90 земји во светот , го слават денот со прослави во кредитните унии, натпревари, излети и паради и други активности

Среќен празник - 31 Октомври, Ден на Штедењето

Финансиски Услуги за Луѓето на Македонија
www.fulm.com.mk
info@fulm.com.mk

ЧЛЕНОВИТЕ СЕ НАЈВАЖНИ

Пораката е едноставна, директна и прифаќа клучен концепт зад кредитните унии - Членовите се најважни.
Под ова мото ќе го одбележиме Интернационалниот Ден на Штедно Кредитни Унии на 18 Октомври 2012, бидете дел од
нашето големо семејство.
Во соочување на сите предизвици, кредитните унии отсекогаш постоеле да им служат на членовите!

Честит 18 Октомври, Интернационален Ден на Штедно Кредитни Унии и
31 Октомври, Денот на Штедењето

Штедилница ФУЛМ: Централа 02/3115-244; Филијала Муртино 034/330-721; Филијала Полог 044/351-281; Филијала ЈСП Аеродром 02/2403-208, Шалтер ЈСП Автокоманда 02/3109-327; Филијала Тиквешија 043/400-656; Филијала Битола 047/236-796

Ф У Л М
член на World Council of Credit Unions

ВАШИ ПАРИ. ВАШ ИЗБОР. ВАША КРЕДИТНА УНИЈА.

Зошто 186 милиони луѓе од целиот свет ги избраа токму кредитните унии?
 Вредноста, довербата и услугата за членовите се дел од причините за таквата одлука. Во комбинација со филозофијата на кредитни унии „членовите пред трката за профит” не е за изненадување дека кредитните унии се вистинскиот избор.
 На 15 Октомври, Штедилница ФУЛМ ќе се придружи на 49.000 кредитни унии од 96 земји и 186 милиони членови од целиот свет заеднички да го прослават Интернационалниот Ден на Штедно Кредитни Унии.
Како непрофитни финансиски организации, постојано се стремиме кон подобрување на живеењето на нашите членови преку високо квалитетни услуги во процесот на градење доверба со членовите. Ви благодариме што сте дел од Штедилница ФУЛМ, дел од семејството на штедно кредитни унии и ни претставува задоволство да Ви го честитаме:

15 Октомври, Интернационалниот Ден на Штедно Кредитни Унии и
31 Октомври, Денот на штедење

Штедилница ФУЛМ: Централа 02/3115-244; Филијала Муртино 034/330-721; Филијала Полог 044/351-281; Филијала ЈСП Аеродром 02/2403-208, Шалтер ЈСП Автокоманда 02/3109-327; Филијала Тиквешија 043/400-656; Филијала Битола 047/236-796; Шалтер Охрид 070/274-497

Ф У Л М
член на World Council of Credit Unions

МОЈАТА КРЕДИТНА УНИЈА МЕНЕ МИ ПРИПАЃА

Кој ја поседува кредитната унија? Сите ние - членовите!!!
На 16 октомври сите ние, членови на Штедилница ФУЛМ ќе се приклучиме кон 49.000 кредитни унии и 177 милиони членови од 96 земји во целиот свет за да го прославиме Интернационалниот Ден на Штедно Кредитни Унии.
Како непрофитни финансиски организации, ние постојано се стремиме кон подобрување на живеењето на нашите членови.
Затоа, бидете во тек и информирајте се за новите:

• Кредити за вработени
• Кредити за невработени
• Кредити за студенти
• Кредити за пензионери
• Кредити за земјоделци

Со новите кредити Ви нудиме и пониски провизии, поголеми износи на кредити, намалени каматни стапки, помалку жиранти како и кредити без жиранти.
Ви благодариме што сте дел од Штедилница ФУЛМ, дел од големото семејство на штедно кредитни унии и со задоволство Ви го честитаме:

16 октомври, Интернационалниот Ден на Штедно Кредитни Унии и
31 октомври, Денот на штедење

Штедилница ФУЛМ: Централа 02/3115-244; Филијала Муртино 034/330-721; Филијала Полог 044/351-281; Филијала ЈСП Аеродром 02/2403-208, Шалтер ЈСП Автокоманда 02/3109-327; Филијала Тиквешија 043/400-656; Филијала Битола 047/236-796; Шалтер Охрид 070/274-497

Кредитни Унии

 

“ЗАЕДНО СМЕ ПОДОБРИ”

 

Штедилница ФУЛМ е една од 46.000 кредитни унии во светот. На 18 октомври ќе им се придружиме на повеќе од 172 милиони наши пријатели, членови на кредитни унии од 97 земји во светот.

Сите ние богати или сиромашни се соочуваме со слични предизвици. Светот станува се’ помал и помал. Заедно, им помагаме на членовите од целиот свет да ги надминат предизвиците.

 

Вистина е “Заедно сме подобри.”

 

Ви благодариме што сте дел од нас.

 

Со големо задоволство Штедилница ФУЛМ Ви го честита 18 Октомври 2007

 

Интернационалниот Ден на штедно кредитните унии

 

Честит 31 Октомври, Ден на штедењето.

Кредитни Унии

“ЧЛЕНОВИТЕ ГО ОВОЗМОЖИЈА ТОА”

Почитувани,

Интернационалниот ден на штедно кредитни унии ја слави историјата, традицијата и духот на движењето на штедно кредитните унии. Со преку 40.000 штедно кредитни унии во 90 земји, Интернационалниот ден на штедно кредитни унии, денес, е повод за отворена покана до повеќе од 136 милиони членови низ целиот свет, заеднички да ја поттикнат надежта и можноста што кредитните унии ја нудат во остварување на нашите сни.

“Ние постоиме за да докажеме дека штедно кредитните унии се различни од другите. Вие сте дел од нас, докажувајќи дека за кредитните унии членовите го овозможија тоа”.

Со големо задоволство Штедилница ФУЛМ Ви го честита

20 Октомври 2005
“ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ШТЕДНО КРЕДИТНИ УНИИ“
Честит 31 Октомври, Ден на штедењето

Да се биде дел од големото семејство на штедно кредитните унии во светот е голем предизвик. Голема чест и задоволство ни причинува што сте Вие дел од нас. Можноста за поседување и управување на овие непрофитни, кооперативни, финансиски институции и можноста да се биде различен од другите е навистина голем бенефит и за Вас и за нас.

Останува на Вас привилегијата заедно да припаѓаме, твориме, сонуваме...

 

Штедилница ФУЛМ Ви го честита

21 Октромври 2004

Интернационалниот ден на штедно кредитните унии

Честит 31 Октомври, Ден на штедењето

Штедилница ФУЛМ на 15 Октомври 2003 година во Ресторанот ЕКСКЛУЗИВ во Кавадарци организираше коктел по повод прославата на Интарнационалниот ден на штедно кредитните унии.


 

 

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 15/11/2017