mk

en

sq

 

: 21/07/2017

: 18:53:57

| | ,

ФУЛМ зема учество на интернационалната конференција на кредитните унии во Калгари, Канада од 29 Јули до 1 Август 2007 година

Традиционално и оваа година ФУЛМ зема учество на интернационалната конференција на кредитните унии, која се оддржа во Калгари, Канада од 29 Јули до 1 Август. На конференција присуствуваат над 2500 претставници од 62 земји. На интернационалниот партнерски доручек, Директорката на Штедилница ФУЛМ Г-ѓа Елеонора Згоњанин Петровиќ, во традицонална македонска носија ја презентираше плакетата на Светскиот Совет на Кредитни Унии (WOCCU) и Лигата на кредитни унии на Мичиген (MCUL), за нивата визија во развојот на ФУЛМ.
Штедилница ФУЛМ денес брои шест филијали, приближно 7,000 корисници на услуги и депозити во македонски денари чија вредност изнесува преку 150 милиони денари.

Денес повеќе од 2500 луѓе од цел свет, претставници на интернационалното семејство кое брои повеќе од 172 милиони луѓе во 97 земји имаат иста цел: да се создаде поразличен свет во пресрет на потребите и желбите на нашата заедница. Секој од нас треба да направи многу малку и тогаш сите ќе добијат повеќе, подобра работа и поквалитетно место за живеење беше пораката упатена од учесниците на годишната конференција
Горди сме што ФУЛМ достоинствено ја претставува Македонија во интернационалното семејство на кредитни унии истакна Директорката Елеонора Згоњанин Петровиќ.

Штедно кредитните унии се кооперативи кои обезбедуваат еднаков глас и финансиска сигурност за повеќе од 172 милиони членови во 97 земји во светот. Тие се поседувани и управувани од членовите, претставувајќи безбедно место за штедење и овозможувајќи лесен пристап до кредитни услуги. Штедно кредитните унии интернационално, се признаени како сила која се стреми кон позитивни економски и социјални промени и кои постигнаа голем успех кај сите нации. Тие се формирани врз база на принципот еден член/еден глас, овозможувајќи им ја на членовите можноста директно да ја искусат демократијата.

 

 

info@fulm.com.mk

06/07/2017