mk

en

sq

 

: 30/03/2017

: 18:34:14

| |

17-ТО ГЕНЕРАЛНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ ФУЛМ

На 16 Март 2013 година во Хотел Градче Кочани, Здружението на граѓани ФУЛМ го одржа 17-то генерално годишно собрание, на кое пред членовите уште еднаш беа презентирани исклучително позитивни резултати за годината завршена на 31.12.2012.

Управниот одбор на Здружението на граѓани ФУЛМ и Единствениот содружник на Штедилница ФУЛМ, уште еднаш ја потенцираа важноста од соработката и поддршката со WOCCU-Светскиот Совет на Кредитни Унии, Лигата на Кредитни Унии на Мичиген и Агенцијата за меѓународен развој на САД, УСАИД.

Меѓу другото, беше организирана наградна игра за почитуваните членови на ЗГ ФУЛМ, наградите беа доделени на самото собрание. На крајот од собранието беше изразена благодарност до сите членови за добрата соработка, и надеж за континуирано залагање и поголем успех во наредниот период.  

 

11-ТО ГЕНЕРАЛНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ ФУЛМ

На 20 април 2008 година во хотел Јадран во Скопје, Здружението на Граѓани ФУЛМ го оддржа 11-то генерално годишно собрание. На собранието присуствуваа претставници од 11 регионални клубови на ЗГ ФУЛМ.

 Свое обраќање на собранието имаа Претседателот на Управниот Одбор на ЗГ ФУЛМ - Г-дин Стево Андровиќ, Претседателот на Управниот Одбор на Штедилница ФУЛМ - Г-дин Зулфи Џафери, Потпретседателот на Надзорниот Одбор на ЗГ ФУЛМ - Г-дин Муамер Авдиу како и претставник од ревизорската куќа Grant Thornton.

 Собранието ги разгледа и усвои Извештајот на Управниот Одбор на ЗГ ФУЛМ за 2007 година, Одлуката за годишната сметка на ЗГ ФУЛМ за 2007 година, Одлуката за распределба на добивката на ЗГ ФУЛМ за 2007 година, Извештајот на Надзорниот Одбор на ЗГ ФУЛМ за 2007 година, Извештајот на Управниот Одбор на Штедилница ФУЛМ за 2007 година како и Програмата за работа за 2008 година на ЗГ ФУЛМ.

 На собранието беше потврден успехот од донесените одлуки на ЗГ ФУЛМ во 2007 година кои се однесуваат на зголемување на членството, соработка со УСАИД и ВОКУ за продолжување на проектот за кредитирање на студенти и невработени лица, продолжување на партнерскиот програм со Лигата на кредитни унии на Мичиген, воспоставување соработка со Националната асоцијација на кредитни унии на Полска како и инвестициите во деловната мрежа на Штедилница ФУЛМ збогатена со отворање на шалтерско место во Охрид.

 

 

8-МО ГЕНЕРАЛНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ ФУЛМ

На 29 Мај 2005 година Здружението на граѓани ФУЛМ го одржа 8-то генерално годишно собрание, на кое пред членовите уште еднаш беа презентирани исклучително позитивни резултати за годината завршена на 31.12.2004.

Управните одбори на Штедилница ФУЛМ и на Здружението на граѓани ФУЛМ уште еднаш ја потенцираа важноста од соработката и поддршката со WOCCU-Светскиот Совет на Кредитни Унии, Лигата на Кредитни Унии на Мичиген и Агенцијата за меѓународен развој на САД, УСАИД.

Меѓу другото, Димитар Трпковски, член во Штедилница ФУЛМ, филијала ЈСП на собранието го доби и подарок изненадувањето- телевизор, што Штедилница ФУЛМ го подготви за своите членови.

На крајот од собранието беше изразена благодарност до сите членови за добрата соработка, и надеж за континуирано залагање и поголем успех во наредниот период.

 

 

<%' server.execute "mc/meni_vesti.asp" %>

 

 

 

 

 

 

info@fulm.com.mk

15/03/2017