mk

en

sq

 

: 26/09/2017

: 05:41:45

| | USAID


Рурален проект на УСАИД за финансиски институции

Целта на проектот на УСАИД за рурални финансиски институции е да основа корисничо-сопственички штедно-кредитни институции кои ги прибираат домашните заштеди за реинвестирање во продуктивни кредити за руралните заедници. Светскиот Совет за Кредитни Унии започна со работа во Септември 1995 година и ја создаде Штедилница ФУЛМ. Проектот основа континуирана врска помеѓу Лигата на Кредитните Унии на Мичиген и Штедилница ФУЛМ во Македонија.

Штедилница ФУЛМ беше многу успешна во создавањето база на членство која ги покажува карактеристиките на македонската популација. Во Септември 2005 година, Штедилница ФУЛМ имаше 5,060 членови лоцирани во сите 14 региони на Македонија. Шест филијали се основани во 5 региони на Македонија. Сметката на женските членови изнесува околу 37% од вкупното членство.

Значаен дел од успешноста и продолжувањето на растот на членството на Штедилница ФУЛМ се должи на воведување новини, големи и професионални маркетинг активности. Поради стигмата околу штедилниците, Проектот избра да врши маркетинг под слоганот, ”Различни од другите штедилници” и оваа стратегија е екстремно успешна. Како одговор на предлозите на членовите и нивната потреба,, се воведоа голем број на кредитни и депозитни продукти.

Во Септември 2005 година, Штедилница ФУЛМ има добро-основано и добро-документирано сметководство, извештаи и внатрешен ревизорски систем. Посветениот интерен ревизорски кадар ја набљудува работата на секоја филијала и Централата во согласност со регуларниот програм за набљудување. Финансиското работење на Штедилница ФУЛМ во целост, и во секоја филијала се набљудува месечно преку детален менаџмент и финансиско сметководствени извештаи. Менаџментот и вработените на Штедилница ФУЛМ исто така се обучуваат за користење систем на интернационално признати клучни индикатори развиени специфично за кредитните унии и други штедни институции од ВОКУ, познати под акронимот, ПЕАРЛС.

На 30 Септември 2005 год. консолидираните финансиски извештаи на Штедилница ФУЛМ покажува нето средства од над 3 милиони американски долари. Кредитното портфолио се вреднува на 2,860,000 американски долари, заштедите на членовите во износ од 1,809,000 американски долари и членскиот влог е еднаков на 166,246 американски долари. Штедилница ФУЛМ има постојана добивка од Март 2001 година.
Светскиот Совет на Кредитни унии, како дел од програмата “Луѓе за Луѓе” започна партнерство помеѓу Лигата на Кредитни Унии на Мичиген и Штедилница ФУЛМ. Партнерството ќе спроведува континуирана помош за Штедилница ФУЛМ преку Лигата на Кредитни Унии на Мичиген во областите за техничка помош, менторство на штедно-кредитната унија, образование и обука.

Повеќе

info@fulm.com.mk

20/09/2017