mk

en

sq

 

Датум: 25/11/2017

Време: 04:47:44

За Штедилницата | Извештаи и податоци | Податоци за штедилницата 31.12.2014

податоци за своето работење

Назив и седиште Штедилница ФУЛМ Д.О.О Скопје

ул Мито Хаџивсилев Јасмин 48,Скопје

Единствен матичен број 5282748
Организациска структура

[Поголема Слика]

Број на вработени 24
Штедилница ФУЛМ има дозвола
да ги врши следните активности
1) прибира денарски штедни влогови од физички лица најмногу до износ кој е за 1,5 пати поголем од нејзиниот основачки капитал;
2) одобрува кредити на физички лица и на поединци кои вршат самостојна дејност без својство на правно лице;
3) зема кредити од банка или штедилници;
4) економско-финансиски консалтинг;
5) одобрување кредити на правни лица преку банка;
6) директно кредитирање на банка или штедилници; и
7) директно кредитирање на правни лица но најмногу во висина до 30% од гарантниот капитал на Штединицата.
Активности кои Штедилница ФУЛМ
моментално ги врши се:
1) прибира денарски штедни влогови од физички лица 
2) Одобрува кредити на физички лица и на поединци кои вршат самостојна дејност без својство на правно лице
Активности кои Штедилница ФУЛМ
има забрана да ги врши:
Штедилница ФУЛМ нема забрана од НБРМ за вршење активности согласно дозволата од гувернерот на НБРМ

Податоци за сопственичка структура на Штедилницатат

Основач на Штедилницата Здружение на граѓани Финансиски услуги на луѓето на Македонија

податоци за висината на сопствените средства и за адекватноста на капиталот

Износ на почетниот капитал кој е
запишан во Централниот регистар;
Основен капитал при
упис во Централен регистар: 48.853 илјади денари
Сегашна состојба на основен капитал: 75.607 илјади денари
Опис на карактеристиките на основните
компоненти на сопствените средства
Сопствените средства се збир од основачкиот капитал,
зголемувањето на основачкиот капитал по годишна пресметка, резервниот фонд и задржаната добивка,ревалоризациски резерви
Износ и компоненти на основниот капитал и дополнителниот капитал Основачки капитал 68.965 илјади денари
Зголемувањето на основачкиот капитал по годишна пресметка-6.642 илјади денари
Резервен фонд-15.227 илјади денари
Ревалоризациски резерви - 112 илјади денари
Вкупен износ на сопствените средства и висина на адекватноста на капиталот Вкупен износ на сопствени средства - 90,946 илјади денари

Извештај за сопствени средства[Види Повеќе]

висина на адекватноста на капиталот 43%

Извештај за адекватност на капитал[Види Повеќе]

Висина на капиталот потребен за покривање на кредитниот ризик 13.399 илјади денари
Висина на капиталот потребен за покривање на оперативниот ризик 3.623 илјади денари
Висина на капиталот потребен за покривање на надминувањето на лимитите на изложеност 0 (нема обврска да издвојува)
Висина на капиталот потребен за покривање на валутниот ризик 0 (нема обврска да издвојува)
Висина на капиталот потребен за покривање на пазарниот ризик 0 (нема обврска да издвојува)
Висина на капиталот потребен за покривање на ризикот од промена на цените на стоките 0 (нема обврска да издвојува)
Висина на капиталот потребен за покривање на други ризици 0 (нема обврска да издвојува)

податоци за системите и процесот на управување со ризиците

Стратегија и процес на управување со секој поединечен ризик и Политика за заштита и намалување на ризикот
Политика за вршење исправка на вредноста и за издвојување посебна резерва ПОЛИТИКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ИСПРАВКА НА ВРЕДНОСТА И ОШТЕТУВАЊЕ[Види Повеќе]
Структура и организација на функцијата на управување со ризици Организациската поставеност за управување со ризици се состои од елементите:

- јасна организациска структура;
- ефикасен процес на управување со ризиците;
- ефикасен систем на внатрешна контрола и ревизија.
 

Согласно законската регулатива, организациската поставеност и структура за управување со ризици во штедилница ФУЛМ е прецизно дефинирана со надлежности и линии на одговорности, кои одговараат на големината, видот и сложеноста на финансиските активности кои ги врши.

Единствениот содружник на Штедилницата:

1) ја одобрува стратегијата за управување со ризиците и го следи нејзиното спроведување
2) воспоставување и следење на политиките за управување со ризиците и давање предлози за нивно ревидирање;
3) го воспоставува и следи ефикасноста на системот на внатрешна ревизија и контрола, како составен дел на системот за управување со ризик;
4) оценка на системите за управување со ризици;
5) анализа на извештаите за изложеноста на Штедилницата на ризици и следење на активностите кои се преземаат заради управување ризиците
6) други активности во согласност со Законот за банките, прописите донесени врз основа на тој Закон и интерните акти на Штедилницата.

Управителот на Штедилницата ги врши следните активности:

1) предложува на Единствениот содружник политики, правила и други интерни акти
2) воспоставување и спроведување на соодветни процедури за управување со ризиците, во согласност со Политиките одобрени од страна на Единствениот содружник;
3) воспоставување и одржување на ефикасноста на системот за мерење, следење, контрола и известување на ризиците
4) воспоставување адекватен систем за известување на Единствениот содружник
5) други активности во согласност со Законот за банките и интерните акти на Штедилницата.

Службата за внатрешна ревизија на штедилницата врши ревизија на работењето на во врска со управување со ризиците, согласно на годишниот план за внатрешна ревизија.


Координаторот за извештаи врши изготвување и координирање на изготвување на извештаи до Единствениот содружник, Управителот, регулаторните тела и други заинтересирани страни.


Раководителот на филијалата ги врши следните активности:

1) ги извршува одлуките на Управителот на штедилницата односно се грижи за нивно спроведување;
2) работење по донесените процедури и други интерни акти и контрола на нивно спроведување од страна на вработените во филијалите

Структура на системот за мерење на ризикот и системот за внатрешно известување Штедилница ФУЛМ воспоставува систем на идентификување, мерење или оцена, контрола или намалување и следење на одделни ризици, кои се базираат на:

1) интерни акти за идентификување, мерење или оцена, контрола или намалување и следење на одделни ризици;
2) правила за стрес тестирање;
3) внатрешен информативен систем - систем за известување.

Износ на изложеност
на кредитен ризик, пред и по извршената исправка на вредноста
(во илјади денари)
износот на изложеноста на кредитен ризик пред извршената исправка на вредност 208.559
износот на изложеноста на кредитен ризик по извршената исправка на вредност 188.196
Географска дистрибуција на изложеноста на кредитен ризик (во илјади денари) Република Македонија 208.559
Просечната изложеност
на кредитен ризик за периодот и изложеноста по одделни категории на ризик;
Изложеност по одделни категории на ризик 31,12,2014:
А- 144.519 илјади денари
Б- 41.938 илјади денари
В- 12.141 илјади денари
Г- 2.214 илјади денари
Д- 7.747 илјади денари
Износ на достасаните
кредити
2.486 илјади денари
Износот на изложености
на кредитен ризик за кои е извршена исправка на вредноста
197.882 илјади денари
Секторска дистрибуција
на изложеноста на кредитен ризик
(во илјади денари)
Финансиски институции 9.008
Држава 3.166
Население 196.385
Резидуална договорна
рочна структура на изложеноста на кредитен ризик (во илјади денари)
до 1 година 96.159
над 1 година 112.400
Структура на изложеност
на кредитен ризик по дејности
(во илјади денари)
Финансиско посредување 9.008
Јавна употреба и одбрана, задолжителна социјална заштита 3.166
Физички лица-потрошувачки кредити 173.549
Физички лица-земјоделство 22.836
Најголема изложеност население

а) износ на достасани кредити 2.486 илјади денари
б) Износот на изложености на кредитен ризик за кои е извршена исправка на вредноста 188 874 илјади денари
в) Износот на извршена исправка на вредноста 19 913 илјади денари
Износот на
преструктурираните побарувања
238 илјади денари
Движење на исправката
на вредност
исправка на вредност на почеток на периодот 20.494 илјади денари
извршена дополнителна исправка на вредност 21.403 илјади денари
ослободување на исправка на вредноста 21.443 илјади денари
отпис на побарувања 2 илјади денари
преземени средства врз основа на ненаплатени побарувања 89 илјади денари
исправка на вредност на крајот на периодот 20.363 илјади денари
Видови на трансакции со Основачот на Штедилницата
  2013 2014
Донација на ЗГ ФУЛМ  621 илјади денари  29 илјади денари

ДАТУМ НА ПРЕСЕК за податоци за своето работење и податоци за висината на
сопствените средства и за адекватноста на капиталот е 31/12/2014

ДАТУМ НА ПРЕСЕК за податоци за системите и процесот на
управување со ризиците е 31/12/2014

ДАТУМ НА ОБЈАВУВАЊЕ 20/03/2015

 

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 15/11/2017