mk

en

sq

 

Датум: 26/09/2017

Време: 05:40:35

За Штедилницата | Извештаи и податоци | Податоци за штедилницата 30.06.2015

податоци за своето работење

Назив и седиште Штедилница ФУЛМ Д.О.О Скопје

ул Мито Хаџивсилев Јасмин 48,Скопје

Единствен матичен број 5282748
Организациска структура

[Поголема Слика]

Број на вработени 25
Штедилница ФУЛМ има дозвола
да ги врши следните активности
1)* прибира денарски штедни влогови од физички лица најмногу до износ кој е за 1,5 пати поголем од нејзиниот основачки капитал;
2) одобрува кредити на физички лица и на поединци кои вршат самостојна дејност без својство на правно лице;
3) зема кредити од банка или штедилници;
4) економско-финансиски консалтинг;
5) одобрување кредити на правни лица преку банка;
6) директно кредитирање на банка или штедилници; и
7) директно кредитирање на правни лица но најмногу во висина до 30% од гарантниот капитал на Штединицата.

*Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за условите и начинот на работа на штедилниците (Службен весник на Република Македонија бр.74/15) со денот на влегувањето во сила на одлуката, престануваат да важат ограничувањата содржани во дозволите за основање и работа на штедилниците, во однос на износот на депозити којшто можат да го прибираат
Активности кои Штедилница ФУЛМ
моментално ги врши се:
1) прибира денарски штедни влогови од физички лица 
2) Одобрува кредити на физички лица и на поединци кои вршат самостојна дејност без својство на правно лице
Активности кои Штедилница ФУЛМ
има забрана да ги врши:
Штедилница ФУЛМ нема забрана од НБРМ за вршење активности согласно дозволата од гувернерот на НБРМ

Податоци за сопственичка структура на Штедилницатат

Основач на Штедилницата Здружение на граѓани Финансиски услуги на луѓето на Македонија

податоци за висината на сопствените средства и за адекватноста на капиталот

Износ на почетниот капитал кој е
запишан во Централниот регистар;
Сегашна состојба на основен капитал: 75.607 илјади денари
Опис на карактеристиките на основните
компоненти на сопствените средства
Сопствените средства се збир од основачкиот капитал, резервниот фонд и задржаната добивка,ревалоризациски резерви
Износ и компоненти на основниот капитал и дополнителниот капитал Основачки капитал 75.607 илјади денари
Резервен фонд-15.227 илјади денари
Задржана добивка - 536 илјади денари
Ревалоризациски резерви - 112 илјади денари
Вкупен износ на сопствените средства и висина на адекватноста на капиталот Вкупен износ на сопствени средства - 91,482 илјади денари

Извештај за сопствени средства[Види Повеќе]

Висина на адекватноста на капиталот 42%

Извештај за адекватност на капитал[Види Повеќе]

Висина на капиталот потребен за покривање на кредитниот ризик 13.883 илјади денари
Висина на капиталот потребен за покривање на оперативниот ризик 3.623 илјади денари
Висина на капиталот потребен за покривање на надминувањето на лимитите на изложеност 0 (нема обврска да издвојува)
Висина на капиталот потребен за покривање на валутниот ризик 0 (нема обврска да издвојува)
Висина на капиталот потребен за покривање на пазарниот ризик 0 (нема обврска да издвојува)
Висина на капиталот потребен за покривање на ризикот од промена на цените на стоките 0 (нема обврска да издвојува)
Висина на капиталот потребен за покривање на други ризици 0 (нема обврска да издвојува)

податоци за системите и процесот на управување со ризиците

Стратегија и процес на управување со секој поединечен ризик и Политика за заштита и намалување на ризикот
Политика за вршење исправка на вредноста и за издвојување посебна резерва ПОЛИТИКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ИСПРАВКА НА ВРЕДНОСТА И ОШТЕТУВАЊЕ[Види Повеќе]
Структура и организација на функцијата на управување со ризици Организациската поставеност за управување со ризици се состои од елементите:

- јасна организациска структура;
- ефикасен процес на управување со ризиците;
- ефикасен систем на внатрешна контрола и ревизија.
 

Согласно законската регулатива, организациската поставеност и структура за управување со ризици во штедилница ФУЛМ е прецизно дефинирана со надлежности и линии на одговорности, кои одговараат на големината, видот и сложеноста на финансиските активности кои ги врши.

Единствениот содружник на Штедилницата:

1) ја одобрува стратегијата за управување со ризиците и го следи нејзиното спроведување
2) воспоставување и следење на политиките за управување со ризиците и давање предлози за нивно ревидирање;
3) го воспоставува и следи ефикасноста на системот на внатрешна ревизија и контрола, како составен дел на системот за управување со ризик;
4) оценка на системите за управување со ризици;
5) анализа на извештаите за изложеноста на Штедилницата на ризици и следење на активностите кои се преземаат заради управување ризиците
6) други активности во согласност со Законот за банките, прописите донесени врз основа на тој Закон и интерните акти на Штедилницата.

Управителот на Штедилницата ги врши следните активности:

1) предложува на Единствениот содружник политики, правила и други интерни акти
2) воспоставување и спроведување на соодветни процедури за управување со ризиците, во согласност со Политиките одобрени од страна на Единствениот содружник;
3) воспоставување и одржување на ефикасноста на системот за мерење, следење, контрола и известување на ризиците
4) воспоставување адекватен систем за известување на Единствениот содружник
5) други активности во согласност со Законот за банките и интерните акти на Штедилницата.

Службата за внатрешна ревизија на штедилницата врши ревизија на работењето на во врска со управување со ризиците, согласно на годишниот план за внатрешна ревизија.


Координаторот за извештаи врши изготвување и координирање на изготвување на извештаи до Единствениот содружник, Управителот, регулаторните тела и други заинтересирани страни.


Раководителот на филијалата ги врши следните активности:

1) ги извршува одлуките на Управителот на штедилницата односно се грижи за нивно спроведување;
2) работење по донесените процедури и други интерни акти и контрола на нивно спроведување од страна на вработените во филијалите

Структура на системот за мерење на ризикот и системот за внатрешно известување Штедилница ФУЛМ воспоставува систем на идентификување, мерење или оцена, контрола или намалување и следење на одделни ризици, кои се базираат на:

1) интерни акти за идентификување, мерење или оцена, контрола или намалување и следење на одделни ризици;
2) правила за стрес тестирање;
3) внатрешен информативен систем - систем за известување.

Износ на изложеност
на кредитен ризик, пред и по извршената исправка на вредноста
(во илјади денари)
износот на изложеноста на кредитен ризик пред извршената исправка на вредност 212.463
износот на изложеноста на кредитен ризик по извршената исправка на вредност 192.732
Географска дистрибуција на изложеноста на кредитен ризик (во илјади денари) Република Македонија 212.463
Просечната изложеност
на кредитен ризик за периодот и изложеноста по одделни категории на ризик;
Изложеност по одделни категории на ризик 30,06,2015:
А- 147.754 илјади денари
Б- 41.204 илјади денари
В- 14.441 илјади денари
Г- 1.668 илјади денари
Д- 7.396 илјади денари
Износ на достасаните
кредити
2.610 илјади денари
Износот на изложености
на кредитен ризик за кои е извршена исправка на вредноста
202.434 илјади денари
Секторска дистрибуција
на изложеноста на кредитен ризик
(во илјади денари)
Финансиски институции 7.002
Држава 3.216
Население 202.245
Резидуална договорна
рочна структура на изложеноста на кредитен ризик (во илјади денари)
до 1 година 91.450
над 1 година 121.013
Структура на изложеност
на кредитен ризик по дејности
(во илјади денари)
Финансиско посредување 7.002
Јавна употреба и одбрана, задолжителна социјална заштита 3.216
Физички лица-потрошувачки кредити 179.085
Физички лица-земјоделство 23.160
Најголема изложеност население

а) износ на достасани кредити 2.610 илјади денари
б) Износот на изложености на кредитен ризик за кои е извршена исправка на вредноста 195 432 илјади денари
в) Износот на извршена исправка на вредноста 19 380 илјади денари
Износот на
преструктурираните побарувања
217 илјади денари
Движење на исправката
на вредност
исправка на вредност на почеток на периодот 20.363 илјади денари
извршена дополнителна исправка на вредност 11.367 илјади денари
ослободување на исправка на вредноста 11.996 илјади денари
отпис на побарувања 3 илјади денари
исправка на вредност на крајот на периодот 19.731 илјади денари
Видови на трансакции со Основачот на Штедилницата
  2014 2015
Донација на ЗГ ФУЛМ 29 илјади денари  0 денари

ДАТУМ НА ПРЕСЕК за податоци за своето работење и податоци за висината на
сопствените средства и за адекватноста на капиталот е 30/06/2015

ДАТУМ НА ПРЕСЕК за податоци за системите и процесот на
управување со ризиците е 31/12/2014

ДАТУМ НА ОБЈАВУВАЊЕ 25/07/2015

ДАТУМ НА КОРЕКЦИЈА 01/09/2015

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 20/09/2017