mk

en

sq

 

Датум: 21/10/2017

Време: 06:39:47

II Форум на жени лидери на ФУЛМ Македонија

 

 

II Форум на жени лидери на ФУЛМ Македонија
дел од глобалната мрежа на жени лидери
Поврзува, инспирира, поттикнува

Поврзувањето на жените, инспирацијата која жените лидери ја даваат во своите средини и со тоа ги поттикнуваат и охрабруваат жените од нашата земја и ширум светот за да ја преземат иницијативата за подобрување на сопствениот живот и напредок, како и напредокот на членовите на своите семејства, опркружување и напредокот на своите локални заедници воопшто е суштината на постоењето на Форумот на жени лидери на ФУЛМ Македонија, како дел од Глобалната мрежа на жени лидери GWLN (www.cuwomen.org) и Светскиот совет на кредитни унии WOCCU (www.woccu.org ).

Жените лидери на ФУЛМ Македонија на 22 Април 2017 година, ги поставија основните насоки на движењето и идните активности на вториот Форум на жени лидери на ФУЛМ Македонија, што се одржа во Скопје, во х.Континентал. Настанот беше исклучително испиративен и посебен, особено што во истиот ден беше Одбележувањето и на 20-годишнината од основањето на ЗГ ФУЛМ.

Глобалната мрежа на жени лидери ги поврзува жените од кредитните унии ширум светот и им овозможува професионален и личен развој преку електронски или лични едукативни платформи. Мрежата нуди меѓународни перспективи во заедничките интереси со кои се соочуваме сите ширум светот. Со вклучување во интеракција со други професионалци во форумот, жените можат да пристапат до неограничени извори како и да учат од искуствата на другите.

Мисијата на Глобалната мрежа, а со тоа и на овој ФОРУМ е да се поттикнат жените да направат значајни разлики во нивниот живот, во животот на членовите на нивната кредитна унија и нивната заедница, со обезбедување можности и средства за тоа.

Светскиот совет на кредитни унии служи како центар за мрежата, поврзувајќи ги жените од кредитните унии од целиот свет. Од своето основање во 2009 година, повеќе од 1.000 жени од 67 земји се приклучија на мрежата.

Форумот на жени- лидери на ФУЛМ Македонија, е организиран од Здружението на граѓани ФУЛМ (www.zgfulm.org.mk) и поддржан од Светскиот совет на кредитни унии (www.woccu.org) и Глобалната мрежа на жени лидери GWLN (www.cuwomen.org), Јавниот сервис на кредитните унии PSCU (www.pscu.com) и Mitchell Stankovic & Associates (www.mitchellstankovic.com)
 

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 10/10/2017