mk

en

sq

 

Датум: 13/12/2017

Време: 08:02:32

НАШАТА УСПЕШНА ПРИКАЗНА - ЗА САМО 3 ГОДИНИ ВРАБОТЕНИ СЕ 7 ПРАКТИКАНТИ

Како да се дојде до вработување во денешно време?

Овие млади студентки се одговорот на ова прашање... За време на студиите тие аплицираа за практична работа во Штедилница ФУЛМ. Ги примивме за таа практична работа како и многу други студенти... Но, како токму тие добија ВРАБОТУВАЊЕ? Маја, Ана, Билјана, Елена, Кате и двете Марии! Нивниот ентузијазам и посветеност во исполнувањето на работните задачи за време на студентската пракса, нивната подготвеност да научат им овозможи да го ,,заслужат“ своето вработување.

Исклучително сме горди на оваа наша вистинска приказна...

,,Вложив многу труд за време на студиите. Се надоградував и постојано следев каде може да се оди на пракса за да можам да го применам знаењето од факултетските клупи. Потајно верував и бев убедена дека сепак, некаде и некој ќе го препознае мојот квалитет. Дека ќе ги срушам табуата околу неможноста за вработување преку пракса. Додека многумина велеа дека трошам залудно време од летниот период за пракса во Штедилница ФУЛМ, јас учев за микрокредитирањето. Постојано се прашував што е тоа што ме врзува со ФУЛМ? Дали општествената одговорност на компанијата пред
сè, или односот меѓу колегите? Дали динамиката на работа или пак напорите на компанијата за постојано учење на вработените? Сè што барав дотогаш, она идеално работно место, сега е реалност. Затоа, секогаш и секаде гласно ќе говорам за можностите што компаниите им ги даваат на студентите. Треба да се оди на пракса, И ДА - ПОСТОИ ВРАБОТУВАЊЕ ПРЕКУ СТУДЕНТСКА ПРАКСА -
– ни раскажа Ана, која сега е наша колешка, а чие мислење го делат и остататите нововработени.


Пред 18 години, во 1999 година, почнавме со 5-6 вработени кои заедно со Управните органи напорно работеа да ги постават основите за развој на Првата штедно-кредитна унија во Македонија - Штедилница ФУЛМ, како дел од Светските кредитни унии (www.woccu.org ). Штедно-кредитните унии обезбедуваат услуги за повеќе од 223 милиони луѓе во 106 земји од целиот свет. Во таа насока и ФУЛМ, различна од другите финансиски институции, обезбедува финансиски услуги за да им помага на определена група луѓе кои имаат заедничка врска од географски, социјален и бизнис аспект. Активностите на ФУЛМ се фокусирани на потребите на обичните луѓе, со што директно се придонесува за доброто на локалните заедници.

Штедилница ФУЛМ, која денес има 36 вработени и чиј број постојано се зголемува, благодарејќи на успешната и напорна работа, изобилува со низа успешни приказни и низа предизвици за кои повеќе можете да прочитате на нашата интернет-страница (www.fulm.com.mk ) и на нашиот профил на социјалните медиуми: Facebook, LinkedIn и Youtube.

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 04/12/2017