mk

en

sq

 

Датум: 21/10/2017

Време: 06:38:42

Студентска стипендија 2017


 

Вашите соништа се остваруваат тука!


,,Огромниот сертификат за победник и добитник на студентска стипендија, не е само пarче хартија туку тоаима многу поголемо значење за мене: ми помогна со студиите, ме мотивираше и ме потсетуваше дека вратите на ФУЛМ се постојано отворени за мене. Штедилница ФУЛМ е институција која се грижи за нас студентите, ни дава поддршка и ни го олеснува патот кон професионалниот живот. Благодарност до ФУЛМ за можностите што ги дава на нас-студентите” (изјава на првиот стипендист на ФУЛМ). 
 
Штедилница ФУЛМ е дел од студентските животи, желби и соништа, од денот кога е одобрен првиот студентски кредит во 2004година...  И ова е еден од нив...
СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА!
Трета година по ред, за освојување на стипендијата, студентите се натпреваруваат на одредена тема во сферата на нивното живеење и интерес.
Во согласност со интересот на студентите за Work & Travel програмата и користењето на W&T кредитите на ФУЛМ Штедилница, оваа година темата за натпревар за студентската стипендија е со наслов: My Work & Travel dream, а победникот и добитник на студентската стипендија ќе биде прогласен на прославата на

Интернационалниот ден на кредитните унии,
што ќе се одржи на19 октомври, 2017 (четврток), во Битола, на Педагошкиот факултет во Битола, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, во 11:00 часот

ФУЛМ Македонија, во соработка со Лигата на кредитни унии од Мичиген (MCUL, USA), во 2014 година го основаа Фондот за студентска стипендија со цел - поддршка на едукацијата и напредокот на младите луѓе во РМ.
Сигурни сме дека овој настан ќе ја подигне свесноста за кредитните унии, како финансиски институции што ги ставаат луѓето пред профитот и чија визија е да обезбедат поквалитетно живеење. 
Според статистичкиот извештај за 2016 година, 68.000 кредитни унии, во 109 земји во светот опслужуваат 235 милиони луѓе. (www.woccu.org)

Со почит,
ФУЛМ Македонија

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 10/10/2017