mk

en

sq

 

Датум: 25/11/2017

Време: 04:31:13

Практична работа во Штедилница ФУЛМ

Почитувани Студенти,

Бидете дел од нашиот креативен и успешен тим преку можноста за практична работа на Штедилница ФУЛМ! Дознајте какво е чуството да сте вработени во една модерна финансиска институција!

Можеби токму вие ќе бидете нашиот иден колега!

Запознајте го финансиското и банкарско работење преку можноста за практична настава во Централата или некоја од филијалите на Штедилница ФУЛМ низ Македонија: Скопје, Битола, Кавадарци, Струмица и Тетово.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

  • Да се студенти на додипломски или постдипломски студии;
  • Предност имаат студентите од oпштествените науки со посебна предност на студентите од eкономските, правните или информатичките науки;
  • Можноста е отворена за студентите од сите Факултети и Универзитети во Република Македонија;
  • Да се во можност за извршување на пракса во работни денови со полно работно време.
  • Предност имаат кандидатите кои ќе потпишат договор за тримесечна пракса

Праксата може да биде од еден до три месеци.

Праксата со времетраење од три месеци е платена пракса.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат на: info@fulm.com.mk и да го испратат своето CV со назнака:“За практична настава во Штедилница ФУЛМ”

Сите кандидати кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат дополнително исконтактирани за интервју.

Дознајте повеќе за нас на: www.fulm.com.mk, или на социјалните медиуми

Кредитен калкулатор

Калкулатор за штедење

Анкети

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ info@fulm.com.mk

Ажурирано на 15/11/2017