Добро дојдовте на новата редизајнирана веб-страница!

marija Настани и Промоции


Во името на целиот тим на Штедилница ФУЛМ добро дојдовте на новата редизајнирана веб-страница.

И покрај тоа што нашата стара веб-страница добро ни служеше во изминатите близу 20 години, дојде време да ја редизајнираме со нов,

современ дизајн и во согласност со Вашите потреби.

Што има ново на новата страница?

Оптимизација за уреди

Новата веб-страница е оптимизирана за да може да се гледа на повеќе уреди (персонален компјутер, лап-топ, таблет и мобилен телефон)

Пријателска и контактибилна

Преку новата веб-страница лесно ќе ја пронајдете секоја наша филијала, со избирање на полето за контакт, при што страницата ќе ви ги даде

сите податоци за комуникација и локација, вклучувајќи и мапа (google maps).

Преку новата страница, ќе можете директно да пратите електронска порака до која било од службите или од филијалите и да го добиете

потребниот одговор. На новата страница, покрај објавите за кредитни и депозитни продукти, се ставени сите кратенки за брза комуникација

со цел додека сте кај конкретниот производ во истиот момент да можете да  добиете повеќе инфо со притискање на иконите за информации,

да преземете барања или директно да аплицирате он-лајн (оваа услуга наскоро ќе биде достапна) или да изберете некоја друга понуда.

Тријазична (и повеќејазична) веб-страница

Новата страница е направена во 3 јазични верзии, но со алатката за превод на google, може да се прегледува на многу други светски јазици…

Организирана по групи на корисници

Новата веб-страница ги посочува групите на корисници во согласност со нивната вработеност, па така кружните икони дефинираат 5 групи

на корисници на нашите финансиски услуги: СТУДЕНТИ, ВРАБОТЕНИ, НЕВРАБОТЕНИ, ПЕНЗИОНЕРИ И ЗЕМЈОДЕЛЦИ.

Членство

Шестата КРУЖНА ИКОНА дава одговор на прашањето: Што значи да си член на ФУЛМ

ПОСВЕТЕНА НА ВАСДел од новата страница е и еден посебен сегмент наречен ЗА ВАС. Овој дел ќе биде посебно наменет за сето она што ги окупира вашите потреби, внимание и интереси…

Отворете ја страницата!

Ве охрабруваме да ја истражувате новата страница, која е одраз на вашата и наша потреба за современо комуницирање.

ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ НИ Е ВАЖНО!

Ќе ви бидеме благодарни доколку го пополните анкетниот прашалник, кој се наоѓа во поле ЗА ВАС à Анкети, или на следната врска:  https://www.fulm.com.mk/za-vas/anketi/