Инфо за штедење

Услови под кои се врши прибирање на депозити

во Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје

Штедилницата прима депозити по видување, орочени депозити и флекси депозити  (во понатамошниот текст депозити) со променлива и со фиксна каматна стапка.  Депозитите се денарски или  индексирани со евро на денот на прием на депозитот. Депозити со рок на орочување од 1 (еден) до 84 (осумдесет и четири) месеци. Депозитите до 31.12.2017 година, автоматски се преорочуваат заедно со доспената камата на денот на доспевање на депозитот. Депозитите вложени од 01.01.2018 година, може  автоматски да се преорочуваат заедно со  доспеаната камата или да се преорочи само депозитот. Депозитот може да биде со капитализација или без капитализација на камата.

Штедилницата прима  орочени депозити (во понатамошниот текст депозити) на физички лица и кои не се членови на ЗГ ФУЛМ   

Најмал вкупен износ на орочен депониран штеден влог изнесува 2.000,00 денари, освен за членскиот депозит, флекси депозит, депозит по видување, младинскиот клуб и ограничени депозити.

Штедилницата ги осигурува депозитите кај Фондот за осигурување на  депозити. Штедилницата гарантира со капиталот за сигурноста на  депозитите

Променлива каматна стапка е пресметана како збир од последно важечката рефернтна каматна стапка (30 Јуни и 31 Декември) зголемена или намалена за соодветни процентни поени. Каматната стапка ќе се ревидира согласно полугодишната промена на референтната каматна стапка објавена од НБРМ. На денот на вложувањето на депозитот, Штедилницата ги обелоденува последните важечки каматни стапки.  Фиксната каматна стапка е непроменлива за периодот на орочување. На денот на доспевање, депозитите се преорочуваат на истиот период и по каматни стапки кои се важечки на денот на преорочувањето.

Пресметката на каматата е по дневна конформна метода на депозитот. За депозити по видување кои на 31.12 имаат салдо на членски депозити или се постоечки корисници на услуги и/или се корисници преку фамилијарните депозити, камата се пресметува на 31.12 за тековната  година со последната објавена каматна стапка. Депозити кои ќе се раскинат пред денот на доспевање, на денот на раскинување на  депозит  ќе се пресмета и исплати камата на депозит за видување со последната објавена каматна стапка. Кај депозитите со капитализација на камата, каматата се пресметува на месечно ниво и истата месечно се пренесува на орочениот депозит при што зголемениот износ (главница и камата) е основа за пресметка на камата) се евидентира како доспеан до денот на исплата на каматата, а кај депозитите без капитализација се пресметува месечно и се евидентира како доспеани камата на месечно ниво на денот на доспевање и се става на располагање на депозит по видување. Валутната клаузула се однесува само за заштита од повеќе од 5% (пет проценти) девалвација.

При промена на каматната стапка, Штедилницата може да изврши еднократно усогласување на каматната стапка преку стапка на доверба.Поради долгогодишната доверба во Штедење, при намалување на каматната стапка ќе се пресмета каматна стапка зголемена за 0.1-0.5 % зависно од периодот на иницијалното вложување во однос на последната објавена каматна стапка за депозитниот продукт. Стапката на доверба се пресметува на денот на намалување на каматната стапка и важи до денот на прво доспевање на депозитот.

Доколку депонентот на денот на исплата на депозитот се одлучи исплатата на депозит да ја реализира преку безготовински промет, Штедилницата врши исплата на бонус камата од 0.1% од исплатениот износ (камата и/или депозит).

Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на денот на достасување со претходно поднесено писмено барање од најмалку 2(два) работни дена пред раскинување на договорот и само врз основа на согласност од Штедилницата.

Депонентот има право да именува лица кои ќе располагаат со депозитот. Доколку депонентот е малолетно лице или лице со пречки во развојот, депозитот го вложува и располага со истиот законски застапник/ци или законски старател/ли. Депозитите може да се користат за обезбедување на договор за кредит, за што депонентот потпишува Изјава и тој депозит станува ограничен депозит. Ограничениот депозит се ослободува на денот на подмирување на сите обрски од договорот за кредит со кој овој депозит ќе се ослободи и ќе биде ставен на асполагање на депонентот.

Депозитите кои се вложени до 31.12.2017 година, се определува променлива каматната стапка  освен за депозитите кои се со фиксна каматна стапка до денот на орочување и членските депозити. Каматните стапки на вложените депозити до 31.12,2017 се објавени во Прилог 2 Управителот на Штедилницата има право да одобри исклучок за промена на услови на депозит, и да извести на следната седница на Единствениот содружник.

Надоместоците за работа со депозитите се согласно тарифа на Штедилница ФУЛМ.

Доспеаната камата се намалува за износот на обврската за Персоналниот данок на приходи од камата на депозитите. Персоналниот данок на приходи од камата на депозитите се пресметува и плаќа согласно законски прописи.

Согласно Одлука од 28.06.2018