Интервју со Андријана Димитријевиќ, добитник на ФУЛМ студентска стипендија

marija Настани и Промоции, Студенти

1.Што правите во моментов? (Студирате, работите или барате работа?) 

 – Од неодамна завршив со студиите и се вработив како финансиски асистент во една странска компанија.

 2.Кои се Вашите кариерни цели и во која област би сакале да ја насочите Вашата едукација понатаму?

– По завршувањето на студиите, продолжувам со нови сили, со подготовка за професионално сертифицирање за овластен сметководител/ревизор (ACCA). Самата професија налага континуирано надградување на знаењето и од круцијална важност за постигнување на успех се аспирациите за понатамошно усовршување.

3.Дали би сакале да посетувате пракса во ФУЛМ ?

– Апсолутно да. Заинтересирана сум за било каков професионален ангажман (особено во одделот за сметководство).

 4.Дали мислевте дека е наместен натпреварот кога аплициравте за студентската стипендија ?

– Не, бидејќи никогаш не тргнувам со таква помисла. Во ниту еден момент не се посомневав во своите способности и знаење и верувам дека сè уште објективно се оценува трудот и знаењето на младите. Вие го докажавте токму тоа.

5.Како се чуствувавте кога дознавте дека сте добитник на стипендија?

– Земајќи го предвид фактот дека по природа сум многу скромна личност, својата среќа не ја изразив на многу забележителен начин, иако бев пресреќна. Ми претставуваше огромно задоволство што токму јас ја имав таа чест да бидам избрана за добитник на стипендијата. Бев изненадена, морам да признаам, поради големата конкуренција, селекцијата направена од околу 100 студенти, меѓутоа потајно се надевав дека ќе бидам високорангирана, поради вложениот труд, стекнатото и применетото знаење од областа на кредитните унии на натпреварот. Земајќи го предвид фактот дека немав предзнаења за кредитните унии, ми претставуваше дополнителен предизвик да ги проширам своите хоризонти, да стекнам дополнителни знаења и истите да ги применам на натпреварот за кредитни унии. Неизмерната среќа се должи токму на фактот дека успеав за кратко време да стекнам знаење од нова област, истото да го применам и притоа да бидам наградена.

6.За што ги наменивте средствата добиени од стипендијата ?

– Јас сум личност која постојано го надградува своето знаење, па затоа одлучив средствата да ги наменам за таква цел. Имено, средствата се првично наменети за покривање на трошоците за студирање, меѓутоа тие веќе беа подмирени, па затоа одлучив да ги искористам за Курс за практични вештини-сметководство.

7.Што би им препорачале на студентите кои сакаат да учествуваат во следниот натпревар за стипендија?

– Да не се двоумат ниту за момент, да дадат сè од себе и да го земат предвид фактот дека нивното знаење и вештини ќе бидат објективно оценети.

8.Што нас би ни преопoрачале како да ја промовираме стипендијата за повеке студенти да дознаат за натпреварот ?

– Поголема активност на социјалните мрежи, особено на Instagram и колаборација со Факултети.мк и Кариера.мк.

Дали можеби ти си следниот добитник на ФУЛМ студентската стипендија? Прифати го предизвикот и аплицирај на шестиот по ред ФУЛМ Натпревар за студентска стипендија!

Аплицирај на: https://www.fulm.com.mk/natprevar-za-studentska-stipendija-2020/

Ти посакуваме успех!