Интервју со минатогодишниот добитник на студентска стипнедија, Александра Попова

marija Настани и Промоции, Студенти

1.Што правите во моментов? (Студирате, работите или барате работа?)

-Студирам

2. Дали би сакале да посетувате пракса во ФУЛМ ?

-Да би сакала

3. Дали мислевте дека е наместен натпреварот кога аплициравте за студентската стипендија ?

-Не, немав воопшто такво мислење

4. Како се чуствувавте кога дознавте дека сте добитник на стипендија?

-Многу среќно и исполнето

5. За што ги наменивте средствата добиени од стипендијата ?

-Сеуште ги чувам, но ќе ги искористам за партиципација на факултет

6. Што би им препорачале на студентите кои сакаат да учествуваат во следниот натпревар за стипендија?

-Да бидат самоуверени и да го искажат своето мислење

7. Што нас би ни преопрачале како да ја промовираме стипендијата за повеке студенти да дознаат за натпреварот ?

-Јас како корисник на социјалните мрежи, би ви препорачала да промовирате повеќе преку социјалните мрежи, со што би можело на инстаграм да се рекламира со спонзорирано со тоа би имале можност да дознаат повеќе студенти затоа што скоро голем процент од студентите се корисници на инстаграм

 

Полека, сигурно и успешно се приближуваме до финалето на овогодинешниот ФУЛМ Натпревар за студентска стипендија. Рокот за аплицирање заврши и наскоро ќе го прогласиме добитникот на Студентската стипендија за 2020.

Инспиративните пораки и апликациите на студентите може да ги најдете на следниот линк

Но исто така може да ги поддржите студентите со кликнување на “Like” на нивните инспиративните пораки споделени на нашата Фејсбук страница