Соопштенија до јавност

Заштита на личните податоци

Заштита на личните податоци

Контролор

Личните податоци се обработуваат од страна на Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје („Штедилница“ или „контролор“) во согласност со Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на РСМ“ бр. 42/2020) за заштита на физички лица во однос на обработката на личните податоци од Контролорот и за пренос на таквите податоци до релевантни институции.

Контакт со контролорот на: info@fulm.com.mk

Контакт со лице овластено за заштита на личните податоци на:jovankat@fulm.com.mk 

Извори и податоци коишто ги користи Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје

Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје ги обработува личните податоци што ги добива директно од Вас (како субјекти на личните податоци) при воспоставување или во текот на деловниот однос со Вас. Обработката на личните податоци е во обем потребен за обезбедување на нашите услуги и таа ги вклучува и податоците од јавно достапни извори податоци (на пр. трговски регистар, кредитни регистри и сл.).

Личните податоци се состојат од име и презиме, адреса, ЕМБГ и други лични податоци на субјектот на личните податоци содржани во апликацијата за клиент (физичко лице) потребни за исполнување на целта. Овие податоци може да се дополнат со дополнителни информации собрани преку алатките за истражување и базите на податоци.

Цел

Личните податоци коишто се наведени ќе бидат собрани заради:

  • Исполнување договор во којшто субјектот на личните податоци е договорна страна или за да се преземат активности на барање на субјектот на личните податоци;
  • идентификување и следење на потенцијалните ризици за Штедилницата од трансакција на којашто Штедилницата има преземено обврска, вклучувајќи го и ризикот од даночна измама;
  • идентификување пошироки ризици за репутацијата поврзани со трансакцијата или поврзани членови на субјектот на личните податоци; и
  • спроведување анализа на клиентот во согласност со Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Корисници на податоци

Споменатите лични податоци ќе бидат обработени од соодветни служби на Штедилницата и можат да бидат споделени со Народната банка на Република Северна Македонија, Управата за јавни приходи, Управата за финансиско разузнавање, Управата за финансиска полиција, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот девизен инспекторат, Царинската управа, Фондот за осигурување депозити, Агенцијата за управување со одземен имот, нотар, а во согласност со соодветни барања доставени од овие институции  за извршување работи и водење постапки коишто се во рамките на нивните надлежности во согласност со закон. Личните податоци може да им се пренесат на корисниците со соодветни заштитни мерки.

Обработувачи

Во процес на наплата, Штедилницата може да ги пренесе личните податоци коишто ќе им бидат потребни на Агенција за наплата, адвокатот со кој Штедилницата има деловна соработка и извршителот. Личните податоци може да им се пренесат на обработувачи со соодветни заштитни мерки.

Период на задржување на податоците

Штедилницата ги обработува и ги чува Вашите лични податоци до исполнувањето на целта за која се прибрани, односно до исполнувањето на договорните и законските обврски. Периодот на чување на личните податоци зависи од основата и целта на обработката на поединечна категорија лични податоци.  За податоците собрани заради исполнување договор во којшто субјектот на личните податоци е договорна страна  или за да се преземат активности на барање на субјектот на личните податоци, периодот за задржување на податоците е десет години по завршувањето на деловниот однос со субјектот на личните податоци и една година по одбивањето на барањето за кредит на субјектот на личните податоци.

Пренос на личните податоци во други земји или меѓународни организации

Штедилницата може да ги пренесе Вашите лични податоци во други земји или меѓународни организации единствено доколку услугата или продуктот којшто го користите е дел од програма или проект за соработка којшто Штедилницата го има склучено со друга земја или меѓународна организација. За тоа ќе бидете навремено информирани пред да ни ги дадете податоците и тие ќе бидат прибрани, чувани и пренесени согласно со закон.

Права на субјектот на личните податоци

  • Од Штедилницата имате право да добиете потврда за тоа дали се обработуваат или не се обработуваат лични податоци што се однесуваат на Вас и доколку тоа е случај, пристапете до Вашите лични податоци преку разговор со контролорот ( info@fulm.com.mk ) и ќе добиете одговор без непотребно одложување (право на пристап);
  • од Штедилницата имате право да добиете, без непотребно одложување, исправки на какви било неточни лични податоци што се однесуваат на Вас (право на исправка). Штедилницата може да ја ограничи примената на Вашето право на пристап и исправки, доколку таквото ограничување е можно да претставува неопходна мерка за заштита вклучувајќи ги и не ограничувајќи ги:
    • спречувањето, истрагата, откривањето и гонењето кривични дела;
    • заштитата на субјектот на податоците или на правата и слободите на другите.
  • Вие имате право од Штедилницата да добиете бришење на Вашите лични податоци, доколку веќе не се потребни во однос на целите за кои се собрани и за кои рокот за чување е истечен (право на бришење);
  • имате право да побарате од Штедилницата ограничување на обработката кога (1) ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци; (2) кога обработката е незаконска; (3) кога на Штедилницата повеќе не ѝ требаат личните податоци за целите на обработката; или (4) кога сте се спротивставиле на обработката во очекување на проверка дали легитимните основи на Штедилницата го надминуваат Вашиот (право на ограничување на обработката);
  • имате право на приговор врз основа на посебна состојба кога обработката на личните податоци е незаконска;
  • имате право да ги примите Вашите лични податоци од Штедилницата во структуриран, најчесто користен и машински читлив формат и да му ги пренесете тие податоци на друг контролор без пречки од Штедилницата (право на преносливост на податоците);
  • имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на лични податоци (https://azlp.mk/) во секое време (право да се поднесе жалба).

Дали имате обврска да ѝ ги обезбедите Вашите податоци на Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје?

Во рамките на нашиот деловен однос, мора да ни обезбедите лични податоци коишто ни се неопходни за воспоставување и водење на деловниот однос и исполнување останати договорни обврски, односно други информации коишто сме законски обврзани да ги добиеме. Без овие податоци, можеби нема да бидеме во можност да ги извршуваме нашите договорни обврски и од тие причини може да не сме во можност да го воспоставиме или да го продолжиме деловниот однос со Вас.

Колачиња (Cookies)

КОЛАЧИЊА (COOKIES)

КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Колачиња (cookies) се мали текстуални фајлови коишто се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство на веб-страницата www.fulm.com.mk. Користењето на колачиња на ниту еден начин не е поврзано со некаква информација за лична идентификација во однос на веб-страницата на Штедилница ФУЛМ.

Колачиња (cookies) се податоци коишто ги користат веб-страниците за да ги идентификуваат веб-корисниците. Со помош на колачињата се следи движењето на посетителите на веб-страницата www.fulm.com.mk и на тој начин се собираат податоци за подобро разбирање за користењето на веб-страницата од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на веб-страницата www.fulm.com.mk, а притоа не се користат личните податоци.

Сите информации што се меморираат во рамките на колачиња („cookies“) може да бидат искористени само за потребите на интернет-услугата и притоа вашата приватност нема да биде загрозена.

Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, на веб-страницата www.fulm.com.mk, користи неколку видови колачиња за време на нејзиното работењето како што се:

Неопходни колачиња

Колачиња коишто се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страницата како навигација, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и слично. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страницата. Колачиња не содржат никакви лични информации.

Неопходни колачиња Времетраење Опис
_gat

 

1 ден Колаче на Google Analytics.
_gat_gtag_UA_43622616_1 1 ден Колаче на Google Analytics.
_ga 2 години Колаче на Google Analytics, овозможува услугата да разликува еден посетител од друг.
_gid 1 ден Регистрира единствен ID што се користи за генерирање статистички информации за тоа како ја користите веб-страницата.
OTZ 1 месец Колачето „OTZ“ се користи од Google analytics за следење на информациите за сообраќајот на веб-страницата. Постојани.
cookielawinfo-checkbox-analytics 11 месеци Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Маркетинг“.
cookielawinfo-checkbox-functional 11 месеци Колачето е поставено од приклучокот за  согласност за колачиња од GDPR за да се евидентира согласноста на корисникот за колачињата во категоријата „Функционални“.
cookielawinfo-checkbox-necessary 11 месеци Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачињата се користат за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Неопходни“.
cookielawinfo-checkbox-others 11 месеци Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Друго.
cookielawinfo-checkbox-performance 11 месеци Ова колаче е поставено од приклучокот за согласност за колачиња GDPR. Колачето се користи за складирање на корисничката согласност за колачињата во категоријата „Chat“.
viewed_cookie_policy 11 месеци Колачето е поставено од приклучокот GDPR Cookie Consent и се користи за да се зачува дали корисникот се согласил со користење на колачиња или не. Не складира никакви лични податоци.

Маркетинг колачиња

Колачиња за таргетирање или рекламирање коишто може да се користат со цел да Ви испратиме реклами и рекламни пораки приспособени на Вашите интереси. За маркетинг потреби Штедилницата исто така користи алатка Meta Pixel. Колачињата и алатката Meta Pixel се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Со прифаќање на овие колачиња и Meta Pixel вие се согласувате на чување колачиња на вашиот уред и испраќање на Pixel fires, со цел да ја подобрите навигацијата на страницата, за да се анализира употребата на страницата и за да помогнете во нашиот маркетинг. Овие колачиња може да приберат детални информации за Вашите најчести пребарувања низ веб-страницата (како на пример производите и услугите на кои сте притиснале). Исто така тие може да се користат за препознавање тогаш кога повторно ја посетувате нашата веб-страница.

Марктинг колачиња Времетраење Опис
1P_JAR 30 дена Колаче на Google. Овие колачиња се користат за собирање статистики на веб-страниците и следење на стапките на конверзија.
ANID 13-24 месеци Колаче на Google. Ако имате овозможено персонализирани реклами, „ANID“ се користи за запомнување на оваа поставка и трае 13 месеци во Европската економска област (ЕЕА), Швајцарија и Обединетото Кралство (Велика Британија) и 24 месеци секаде на друго место. Ако сте оневозможиле персонализирани реклами, „ANID“ се користи за складирање на таа поставка до 2030 година.
SAPISID, APISID, HSID 2 години Подобрување на корисничкото искуство и зачувување на некои поставки за прелистување на YouTube.
SSID Истекува во секое време од 6 месеци до 10 години. Колачето „SSID“ се користи за репродукција на видеа на YouTube вградени на веб-локацијата.
NID

 

6 месеци Колаче на Google. Google користи колачиња како NID и SID за да помогне во приспособувањето на рекламите на Google, како што е „Пребарување на Google“.
fbq 180 денови Meta Pixel е фрагмент од JavaScript код кој ни овозможува да ја следиме активноста на посетителите на нашата веб-страница. Ние ова следење го правиме и ќе го употребиме со цел подобрување на нашите услуги и подобрување на нашите маркетинг кампањи. Доколку се согласите за користење на оваа Meta Pixel алатка се согласувате на испраќање на Pixel fires до Meta Platforms (поранешно Facebook) за вашата активност како посетител на нашата веб-страница. Meta Platforms (поранешно Facebook) е лоциран во Соединетите Американски Држави.

 

datr 2 години Целта на колачето datr е да го идентификува веб-прелистувачот што се користи за поврзување со Facebook независно од најавениот корисник. Ова колаче игра клучна улога во функциите за безбедност и интегритет на страницата на Facebook.
sb 2 години За детали за прелистувачот.
fr 3 месеци Да обезбеди испорака на реклами или повторно таргетирање.

Функционални колачиња

Овие колачиња овозможуваат подобра функционалност и персонализација на содржината на веб-страницата. Тие можат да бидат поставени од наша страна, или пак од трети страни, чиишто услуги сме ги овозможиле на веб-страницата. Доколку не се согласите со користење на овие колачиња некои делови од веб-страницата нема правилно да функционираат (пример: Google мапи).

Функционални колачиња Времетраење Опис
OGPC 60 дена Колаче на Google. Ова колаче ја овозможува функционалноста на „Google мапи“.
OGP 2 месеци Овозможува функционирање на Google Maps на веб-страницата.
UULE 6 часа Испраќа прецизни информации за локација од Вашиот пребарувач до серверите на Google, за Google да може да Ви прикажува резултати кои се релевантни на Вашата локација.
DV 1 ден Се користи од Google за складирање на корисничките параметри и информации за Google Maps.
SOCS 13 месеци Се користи од Google за чување на изјавата на корисникот во однос на неговите избори за колачиња.
CONSENT 2 години Се користи од Google за чување на изјавата на корисникот во однос на неговите избори за колачиња.
SID 2 години Содржи дигитално потпишани и шифрирани записи за ID на сметката на Google на корисникот и најновото време за најавување. Комбинацијата на овие колачиња му овозможува на Google да блокира многу видови напади, како што се обидите да се украде содржината од формите испратени на услугите на Google.
SIDCC 6 месеци Колачето „SIDCC“ се користи како безбедносна мерка за заштита на податоците на корисниците од неовластен пристап.
AEC 6 месеци Осигурува дека барањата во рамките на сесијата за прелистување се направени од корисникот, а не од други сајтови. Овие колачиња ги спречуваат малициозните страници да дејствуваат во име на корисникот без знаење на тој корисник.

Chat колачиња

Колачиња коишто се користат за да се овозможи функционирање на Chat формата на веб-страницата (Разговарајте со нас Online). Овие колачиња може да се користат на пример за да се поврзат претходни разговори коишто сте ги имале за да се овозможи подобра услуга. Доколку не се согласите со користење на овие колачиња нема да може да ја користите Chat формата (Разговарајте со нас Online).

Chat колачиња Времетраење Опис
tawk_uuid_* Ова колаче ве памети за да можеме да ги поврземе разговорите на Chat заедно за да обезбедиме подобра услуга.
twk_idm_key Сесиски (по пребарување) Управување со конекцијата на посетителите.
twk_token_* HTML локално складирање.
tawk_uuid_propertyId 6 месеци Следење на посетителот.
TawkConnectionTime Сесиски (по пребарување) Управување со конекцијата на посетителите.

Подесување на колачињата може да се направи преку опцијата „Поставки за колачиња“, каде што може да се подесат колачињата коишто не се задолжителни. Со притискање на копчето „Не прифаќам колачиња“, ќе Ви биде оневозможен пристапот до веб-страницата. Со притискање на копчето „Ги прифаќам сите колачиња“ ќе ги прифатите сите колачиња. Со притискање на „Ги прифаќам само неопходните колачиња“ ќе ги прифатите само неопходните колачиња.

Во менито „Помош“ (Help) во лентата со алатки на интернет-пребарувачот на Вашиот компјутер ги дава следниве информации за корисниците: Да ги прифатите сите колачиња; Како да ги исклучите колачињата од трети страни; Како да го поставите пребарувачот за да  Ве извести кога ќе примите ново колаче; и Како целосно да ги исклучите колачињата.

Оневозможувањето на колачиња на овој начин ќе спречи поставување нови колачиња, но нема да престане да функционираат претходно поставените колачиња на вашиот уред, освен ако не ги избришете сите колачиња во поставките на прелистувачот.

Доколку не се прифатат сите колачињата, тогаш постои можност веб-страницата да не функционира на начин како што очекувавте.

Правна напомена

Секое лице кое има пристап до веб-сајтот на Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје во worldwide web (www.ФУЛМ.com.mk), е согласен со следното:

Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје редовно ги ажурира податоците кои се наоѓаат на овој web сајт.

Објавените податоци се исклучиво од информативен карактер, така што постои можност за промена на податоците во периодот меѓу две ажурирања.

Од тие причини Штедилница ФУЛМ не преvзема никаква одговорност ниту пак гарантира за точноста, веродостојноста или потполноста на информациите кои ги содржи нашиот web сајт.

Податоците кои се достапни на сајтот кои се од информативен карактер не смеат да се користат за други цели.

Штедилница ФУЛМ не одговара за евентуални штети кои настанале со користење на податоците на овој сајт.

Штедилница ФУЛМ го задржува правото да ги менува податоците кои се наоѓаат на сајтот во било кое време, без претходна најава.

Пред да се одлучите за било кој производ или услуга на Штедилница
ФУЛМ Ви предлагаме да се консултирате со стручните лица од Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, кои Ви стојат на располагање за сите прашања во сите наши
филијали низ Република Македонија.

Штедилница ФУЛМ го задржува правото да го одбие барањето без
дополнително објаснување
.

Целата содржина на web сајтот на Штедилница ФУЛМ е предмет на авторско право. Умножување, копирање, дистрибуција и користење на целиот или поединечен дел од податоците кои се достапни на сајтот на Штедилница ФУЛМ не е дозволено без претходно одобрение од Штедилница ФУЛМ.