Кредит за студенти

Студентска понуда
Тип на кредит
КРЕДИТ ЗА СТУДЕНТИ
Целна група За студенти на сите домашни и странски универзитети и факултети на сите нивоа на студии (додипломски, постдипломски и докторски студии), редовни и вонредни студенти, како и за лица кои имаат потреба од продолжување на образованието.
Намена

За сите потреби на студентите:

-трошоци за упис/ партиципација

-апсолвентски екскурзии

-обуки, курсеви и професионални усовршувања

-образовни помагала и сл.

Износ •од 10.000 до 400.000 МКД – денарски кредит*
Рок на отплата • 12, 24, 36, 48, 60 и 72 месеци
• Максимум грејс период 12 месеци
Обезбедување • Жирант/и, и/или заверка на меница во форма на нотарски акт и без жирант/и (зависно од износот на одобрениот кредит, кредитната историја во Штедилница ФУЛМ и др.)
Каматна стапка Годишна, променлива каматна стапка* (СВТ)
Начин на плаќање • Месечно со примена на методот на ануитетни плаќања (месечни рати) – за кредити со рок на отплата од 12 до 72 месеци и
• Можност за начин на плаќање во кој каматата се плаќа месечно, а главницата доспева по истекот на временскиот период за кој е одобрен кредитот – за кредити со рок на отплата од 12, 24 и 36 месеци
Надомест • Надоместите се пресметуваат врз основа на Тарифата на Штедилница ФУЛМ на денот на склучување на Договорот
Минимум критериуми за кредитот • Физички лица, државјани на Република Македонија
• Корисникот на кредит мора да биде член во ФУЛМ
Минимум потребна документација при аплицирање за кредит

Барање за кредит, фотокопија од индекс/легитимација/потврда и важечки документ за лична идентификација, и/или

Барање за жирант/и со потврда за нето плата и/или дополнителна документација во зависност од видот на вработување и фотокопија од документ за лична идентификација

Предност

·Исплата во готово или на трансакциска сметка

·Не се наплаќа надомест за предвремено затварање на кредитот

·Поповолни услови при повторно аплицирање за кредит

*Денарски кредит. Почнувајќи од 01.09.2015 година, новоодобрените кредити нема да имаат валутна клаузула за заштита од девалвација. Сите исплатени кредитни партии заклучно со 31.08.2015 година имаат валутна клаузула само за заштита од девалвација
* Годишна, променлива каматна стапка. Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, согласно важечката регулатива редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб страната, на шалтерите на филијалите на штедилницата и преку јавни медиуми

Штедилницата одобрува кредити и пролонгација со променлива и/или фиксна каматна стапка. Променлива каматна стапка е пресметана како збир од последно важечката референтна каматна стапка (30 Јуни и 31 Декември) зголемена или намалена за соодветни процентни поени. Каматната стапка ќе се ревидира согласно полугодишната промена на референтната каматна стапка објавена од НБРМ. На денот на промена на каматната стапка, Штедилницата ги обелоденува важечки каматни стапки во Одлука. Фиксната каматна стапка е непроменлива за наведениот периодот на кредитот.

Согласно Одл. од 28.06.2018  

Калкулатор

Контакт

Превземи барања

Аплицирај онлајн

Листа на кредити

Штедилница ФУЛМ во соработка со Факултетот за бизнис економија – Скопје, со заедничка понуда за полесно студирање