Победници на Натпреварот за студентска стипендија 2021

marija Настани и Промоции

Image
  Mеѓународниот ден на студентите 17-ти Ноември e одличен повод за доделување на студентската стипендија од фондот ДЕФ (DEF – Drew Egan Fond), a ја доделуваат:
Здружението на граѓани ФУЛМ, ФУЛМ Штедилница / FULM Savings House, член на Светскиот совет на Кредитни унии (World Council of Credit Unions), во соработка со Лигата на кредитни унии од Мичиген (Michigan Credit Union League & Affiliates, USA), за најдобар есеј со тема: “Мојата земја од соништата”
Освен победникот и добитник на студентската стипендија за 2021, кој е одбран од стручна комисија, од номинираните 18 студентски есеи,
ќе се додели и Сертификат за најдобар есеј според вкусот на нашите Фејсбук фанови.
Па така, чест ни е и задоволство да ги објавиме ПОБЕДНИЦИТЕ:
1.Ана Гаштарова од Битола, студент на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ,- победник и добитник на студентската стипендија за 2021, која добива паричен износ во висина на трошоците за една студиска година и штедна книшка од ФУЛМ со 600 денари членски депозит.
2. Митко Иванов од Струмица, студент на Медицинскиот Факултет во Скопје, победник за најдобар текст ,,од Facebook публика",
на кој ќе му биде доделен Сертификат и пригоден подарок од ФУЛМ.
Добитниците ќе бидат контактирани за врачување на заслужените награди 🎁🧾
Сакаме да им се заблагодариме на сите учесници на овој натпревар за студентска стипендија и да ги охрабриме да продолжат да целат кон успехот.
Среќен Меѓународен ден на студентите!