Студентски простор за сите студентски потреби и интереси

Студентски Простор

Поттикнати од глобалното движење на кредитните унии во светот за зголемување на бројот на млади членови и постојаната поддршка на сето она што го збогатува знаењето во животот на младите, Штедилница ФУЛМ е  постојано во функција на потребите на младите луѓе, преку:

  • Студентските кредити и депозити, за сите потреби на студентите
  • Студентската пракса, која отвара и можност за вработување,
  • Соработката со универзитетите, факултетите, студентските организации, како и
  • Соработката со агенциите со поддршка на work& travel програмата, апсолвентските екскурзии,
  • Едукацијата и обуките на студентите,
  • Фондот за студентска стипендија и се разбира
  • Студентските искуства, раскажани од студентите

Го исполнуваат овој СТУДЕНТСКИ ПРОСТОР – за сé она што ги интересира ѝм е потребно на студентите.

Студентски Кредити & Депозити

Студентските кредити на Штедилница ФУЛМ се единствени во својата намена и служат за покривање на сите потреби на студентите:

  • трошоци за упис/ партиципација;
  • книги и останата литература;
  • обуки, курсеви и професионални усовршувања;
  • образовни помагала, интернет, лап-топ и останати средства за комуникација;
  • станарина и трошоци за студирање надвор од местото на живеење;
  • програмата Work&travel  со цел здобивање практично искуство или едукација во другите земји во светот и др.; и
  • апсолвентска екскурзија.

Студентите можат да подигнат кредит од 10.000 до 400.000 денари, со рокови од 12 до 84 месеци, и со можност за грејс период од 12 месеци. Изберете некоја од понудите која најмногу ви одговара:

Студентски депозити – На располагање на студентите е ставена целата депозитна понуда на Штедилница ФУЛМ

ДЕПОЗИТНА ПОНУДА

Практична Настава

Почитувани Студенти,

Бидете дел од нашиот креативен и успешен тим преку можноста за практична работа на Штедилница ФУЛМ! Дознајте какво е чувството да сте вработени во една модерна финансиска институција!

Можеби токму вие ќе бидете нашиот иден колега!

Запознајте го финансиското и банкарско работење преку можноста за практична настава во Централата или некоја од филијалите на Штедилница ФУЛМ низ Македонија: Скопје, Битола, Кавадарци, Струмица и Тетово.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

  • да се студенти на додипломски или постдипломски студии;
  • предност имаат студентите од oпштествените науки со посебна предност на студентите од eкономските, правните или информатичките науки;
  • можноста е отворена за студентите од сите факултети и универзитети во Република Македонија;
  • да се во можност за извршување на пракса во работни денови со полно работно време;
  • предност имаат кандидатите кои ќе потпишат договор за тримесечна пракса;
  • праксата може да биде од еден до три месеци;
  • праксата со времетраење од три месеци е платена.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат на: info@fulm.com.mk и да го пратат своето CV со назнака:  ,,За практична настава во Штедилница ФУЛМ”

Сите кандидати кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат дополнително исконтактирани за интервју.

Штедилница ФУЛМ секогаш е отворена за овозможување на студентска практична настава за студентите од универзитетите и факултетите со кои има деловна соработка и потпишано договори за изведување практична настава на студенти (или ќе воспостави во иднина).

 

Соработка со Факултети, Организации и Агенции

Штедилница ФУЛМ има остварено соработка со следните факултети и универзитети:

  •  ПВУ-ВСШ „Факултет за бизнис економија“ Скопје
  • Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје
  • Универзитет ,,Гоце Делчев” во Штип, Економски факултет – Скопје
  • ,,Приватен Научен институт за бизнис економија”- Скопје
  • Универзитет Американ Колеџ – Скопје
  • Европски универзитет- Скопје
  • Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово

 Штедилница ФУЛМ континуирано одржува одлични деловни односи со:

  •  Туристички и Work&Travel агенции – (Ameriquest, Наром, Коузон, Викинг, Аурора студенски сервис, Контекст, Астерија, Рапсоди травел, Делта МТС итн.;
  •  Студентски организации (SWT Alumni, AIESEC итн.);
  •  Други организации (Сојуз на микрофинансиски организации, МРФП итн.)

 Во соработка со факултетите и универзитетите креиравме заеднички пакет-понуди:

Штедилница ФУЛМ во соработка со Факултетот за бизнис економија- Скопје,
со заедничка понуда за полесно студирање

 

  • Потребна документација:
    • Барање за кредит за студентот и фотокопија од лична карта (пасош) и индекс или потврда од факултетот
    • Барање за жирант (може и родител) и фотокопија од лична карта(пасош)
    • Барањата може да се подигнат од: факултетот, нашата web страна, или од Шалтерите на Штедилница ФУЛМ)
  • Услови на кредитот:
    • Кредитот ги покрива сите трошоци на студирање и реализација на истиот
    • Кредитот треба да се подигне заклучно со 15 Септември, заради навремена уплата и упис на годината
    • Кредитот почнува со отплата од 1-15 Октомври со 12 еднакви месечни рати, и тоа:
      • Кредит 44.000 ден. со рата од 4.136 денари за редовни студенти, и
      • Кредит 50.000 ден. со рата од 4.700 денари за вонредни студенти,
    • кои треба да завршат најдоцна до почетокот на Септември наредната година, кога студентот поднесува барање за кредит за нови 12 месеци. Истото следи и наредната година.
    • Доколку кредитот се плаќа редовно, предвидени се попусти, во наредната година

Бонус информација: На секој студент му се отвара штедна книшка со 600 денари почетен штеден влог

За дополнителни информации, Ве молиме посетете нé или јавете се во најблиската филијала или шалтер на Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје.

 

*) Пресметките на ратите се направени согласно последната важечка Одлука за услови под кои се врши кредитирање и Тарифата на Штедилница ФУЛМ. Доколку има промена во истите, ќе се променат и горенаведените износи.

Студентски ПРОМОЦИИ / НАСТАНИ / ОБУКИ

ФУЛМ има за цел да ги инспирира и мотивира студентите во насока кон својот професионален и личен развој. Во изминатите години организиравме и бевме присутни на многу студентски настани, отворени денови, презентации, обуки и работилници на факултетите и универзитетите во Република Македонија

Со нас желбите и можностите одат рака под рака!

август 9, 2018

Драги сегашни и идни студенти! Студентската година само што не почнала, а и датумот за уписите веќе се наближува. Сигурно веќе подолго време се прашувате каде да го продолжите вашето образование и како да ги подмирите трошоците за студирање? Имате многу желби, но и ограничени можности?! Без грижи! Во Штедилница ФУЛМ желбите и можностите одат рака под рака! Со нашите ...

WORK&TRAVEL презентација во Кавадарци 27 Февруари 2017г.

септември 1, 2017

Начинот КАКО ДА СЕ ОЛЕСНИ ВКЛУЧУВАЊЕТО ВО WORK&TRAVEL програмата, со кредитната понуда на ФУЛМ Штедилница- беше презентирано пред студентите од Охрид, Прилеп, Штип, Скопје и Кавадарци, на Work&Travel семинарот во Кавадарци, организиран од ТА Делта-М.

Саем на кариера на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, Април 2017

септември 1, 2017

Штедилница ФУЛМ ги претстави студентските кредити, можноста за штедење, практична настава, вработување и градење на професионална кариера, пред младите присутни на саемот за кариера 2017 на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово.  

Штедилница ФУЛМ – поддржувач на креативноста на студентите

јуни 20, 2017

Штедилница ФУЛМ - поддржувач на креативноста на студентите во насока на идеи за одржлив развој на планетата Земја, на настанот "Ден на маркетери" кој се одржа на Економскиот Факултет-Скопје УКИМ на 24 Април 2015.

Работилница на тема "Ефективни стратегии за вработување и практична работа"

јуни 20, 2017

Студентите од Економскиот Факултет - Скопје учествуваа на работилница на тема "ефективни стратегии за вработување и практична работа", одржана од управителот на Штедилница ФУЛМ, Г-ѓа Елеонора Згоњанин Петровиќ.

Саем на кариера

јуни 20, 2017

Штедилница ФУЛМ учествуваше на саемот на кариера, организиран на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово

Отворениот ден на УКИМ

јуни 20, 2017

Штедилница ФУЛМ беше присутна на Економскиот Факултет во Скопје на Отворениот ден на УКИМ одржан на 08.05.2015г. Отворена финансиска поддршка на студентите!

  • Специјализирани бесплатни работилници и обуки за членовите на ФУЛМ,со општ назив ,, Инклузија и иновација во микрофинансирањето”, проект финансиран од УСАИД, во соработка со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Сојузот на микрофинансиски организации (СМO).

          Сигурни сме дека овие обуки ќе ги продлабочат вашите знаења и ќе ги зголемат вашите бизнис-контакти и можности за вработување или отпочнување сопствени бизниси.

          Доколку сте заинтересирани за обука, Ве охрабруваме вашиот интерес да го пријавите на следната е-маил адреса: info@fulm.com.mk,  со назнака:

Интерес за бесплатни обуки за студенти, при што ќе ги наведете вашето име и презиме, членскиот број и телефонскиот број.

Студентска Стипендија

ФУЛМ Македонија, во соработка со Лигата на кредитни унии од Мичиген (MCUL, USA), во 2014 година го основаа Фондот за студентска стипендија, со цел за поддршка на едукацијата на младите луѓе во Република Македонија.

  • 19 октомври, 2017 на Педагошкиот факултет во Битола, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Прослава на Светскиот ден на кредитните унии International Credit Union (ICU) Day и прогласување на победникот и добитник на студентската стипендија за 2017, Вероника Митреска, студент на Правниот факултет “Јустинијан I”, Скопје. Вероника, со својот труд освои макимум поени и победи на натпреварот за студентската стипендија со наслов: My Work & Travel dream. Благодарност за work&travel агенциите- соработници на ФУЛМ и на прекрасните домаќини, цертификати и подароци за новиот стипендист на ФУЛМ и за најинспиративниот победнички work&Travel dream на Ангела Атанасова, студент на Филозофскиот факултет, при УГД Штип, на организираниот Facebook натпревар .
  • 20 октомври 2016 година – Добитник на Студентската стипендија беше Андријана Димитријевиќ, студент на Економскиот факултет – Скопје,која што покажа најдобри резултати на ФУЛМ натпреварот за знаење на тема кредитни унии,, во конкуренција со повеќе од 100 кандидати. Централниот настан за прославата на Светскиот ден на кредитните унии и доделувањето на стипендиите се одржа на УКИМ -Економскиот факултет во Скопје. На добитничката на стипендијата и на второпласираниот на натпреварот – Бојан Лозановски, студент на ФЕИТ, им беше доделена и штедна книшка од Штедилница ФУЛМ со членски депозит, како поттик за штедење и вложување во сопствената иднина.

  • 15 октомври 2015 година – го добивме првиот стипендист на ФУЛМ. Беше објавен натпревар за изработка на есеј на тема: Значењето на кредитните унии за светот и за Македонија. Право на учество на натпреварот имаа сите студенти од сите универзитети во Република Македонија. Пристигнатите трудови беа разгледани од посебна стручна комисија, по што беше објавен и победникот на натпреварот – Ангела Буровска, студент на Економскиот факултет, УКИМ, Скопје. Церемонијата за објавување и доделувањето на Сертификатот за победа на Натпреварот и освојување студентска стипендија се одржа на 15 октомври 2015 година, на Светскиот ден на кредитни унии, во просториите на Штедилница ФУЛМ- Филијала ЈСП, Аеродром.

Студентски Искуства