Интернационален ден на кредитни унии, 15 Октомври 2020 година

“ИНСПИРАТИВНА НАДЕЖ ЗА ГЛОБАЛНАТА ЗАЕДНИЦА” е овогодишната тема за прославата на Интернационалниот Ден на кредитни унии на 15ти Октомври 2020 година.

Целта на прославувањето на Интернационалниот Ден на кредитни унии е да се подигне свеста за вредностите што ги создаваат кредитните унии и другите кооператни финансиски организации ширум светот, вклучувајќи ги членовите во низа активности на денот на прославата

По повод темата на Интернационалниот ден на кредитни унии, Штедилница ФУЛМ преку овогодинешниот Натпревар за студентска стипендија на тема “Мојата инспиративна порака до глобалната заедница” им овомзможува студентите во РСМ да ги дадат своите идеи и предлози за подобрување на студентскиот живот во време на КОВИД-19. Прашањата на кои студентите ги даваа своите идеи и предлози беа:

Како би можеле факултетите да придонесат за студентскиот живот во време на Ковид-19?

Како финансиските институции можат да придонесат за студентскиот живот во време на Ковид-19?

Како државните институции можат да придонесат за студентскиот живот во време на Ковид-19?

Како дел од општеството што би променил во начинот на кој се справува светот со Ковид-19?

Која е твојата инспиративна порака до глобалната заедница во време на Ковид-19?

По истекување на рокот за аплицирање, добивме вкупно 51 апликација за студентската стипендија. Сите апликации ги објавивме на нашата веб страница и социјални медиуми каде нашите следбеници ќе можат да гласаат за апликациите што најмногу им се допаднале. Првите 10 апликации со најмногу гласови ќе влезат во потесниот избор за добитник на студентската стипендија заедно со најдобрите апликации кои ФУЛМ Форумот на млади ќе ги избере.

Студентот со најдобрата апликација ќе добие студентска стипендија за покривање на трошоците за факултет за 1 година

Во активностите поврзани со Интернационалниот ден на кредитни унии ги вклучиме и најмалите, Децата на ФУЛМ и им дадовме мала задача да го обојат овогодинешниот постер за Интернационалниот ден на кредитни унии. Во прилог ви ги претставуваме нивните ремек-дела и како тие би го обоиле светот и  :

 

Која е Вашата инспиративна порака до глобалната заедница и како вие би го обоиле светот?