70 годишнина на Интернационалниот ден на кредитните унии и почеток на промоцијата на 20 годишнината од основањетo на Штедилница ФУЛМ – 18.10.2018г.

marija Настани и Промоции

Село Муртино, Струмичко . ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ, добитник на годинешната награда за најголем пораст од Светскиот совет на кредитни унии (WOCCU) во светот, ја одбележа 70 годишнината на Интернационалниот ден на кредитните унии и почеток на промоцијата на 20 годишнината од основање. На прославата беа врачени благодарници на најзаслужните членови и соработници на Штедилница ФУЛМ, за нивниот особен придонес. Настанот го збогати присуството и обраќањето на Претседателот на Владата на РМ, Г-динот Зоран Заев, кој упати честитка на менаџментот и членовите за признанието за најдобар пораст во конкуренција на 106 земји и успехот што го постигна ФУЛМ, оваа година во Сингапур.

Многу земјоделци од Струмичкиот регион се дел од успешната приказна во изминатите 20 години во првата Филијала Муртино. Ванчо Чавдаров, кој благодарение на кредитот од ФУЛМ можеше да засади овоштарник со цреши, вишни и јаболка во село Старо Балдовци. Ванчо потенцира дека искрениот однос на вработените беше пресуден за да земе кредит од Штедилница ФУЛМ. “Парите ми ги дадоа со алал, па дрвцата пораснаа невообичаено големи”, вели во шега, Ванчо Чавдаров.

Интернационалниот ден на кредитните унии (ICU Day) го слави концептот: ,Луѓе помагаат на луѓе”, и потсетува на историјата на движењето на кредитните унии. Овој ден се слави секој трет четврток во месец октомври, веќе 70 години, од 1948 година. Според статистичкиот извештај за 2017 година, 89.026 кредитни унии, во 117 земји во светот, опслужуваат 260 милиони луѓе. (www.woccu.org)