Соопштенија до јавност

Заштита на личните податоци

Заштита на личните податоци

Контролор

Личните податоци се обработуваат од страна на Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје („Штедилница“ или „Контролор“) во согласност со Законот за заштита на лични податоци (Сл. Весник на РСМ бр.42/2020)  за заштита на физички лица во однос на обработката на лични податоци од Контролорот и за пренос на такви податоци до релевантни институции.

Контакт со Контролорот на: info@fulm.com.mk  

Контакт со лице овластено за заштита на лични податоци на: jovankat@fulm.com.mk

Извори и податоци кои ги користи Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје

Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје ги обработува личните податоци што ги добива директно од Вас (како субјекти на личните податоци) при воспоставување или во текот на деловниот однос со Вас. Обработката на лични податоци е во обем потребен за обезбедување на нашите услуги, и таа ги вклучува и податоците од јавно достапни извори податоци (на пр. трговски регистар, кредитни регистри, и сл.).

Личните податоци се состојат од име и презиме, адреса, ЕМБГ, и други лични податоци на субјектот на лични податоци содржани во апликацијата за клиент (физичко лице) потребни за исполнување на целта. Овие податоци може да се пополнат со дополнителни информации собрани преку алатките за истражување и базите на податоци.

Цел

Личните податоци коишто се наведени ќе бидат собрани со цел:

  • Исполнување на договор во којшто субјектот на лични податоци е договорна страна или за да се преземат активности на барање на субјектот на лични податоци;
  • идентификување и следење на потенцијалните ризици за Штедилницата од трансакција на којашто Штедилницата има преземено обврска, вклучувајќи го и ризикот од даночна измама;
  • идентификување на пошироки ризици за репутација поврзани со трансакцијата или поврзани членови на субјектот на лични податоци; и
  • спроведување на анализа на клиентот во согласност со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Корисници на податоци

Гореспоменатите лични податоци ќе бидат обработени од соодветни служби на Штедилницата и можат да бидат споделени со Народната банка на Република Северна Македонија, Управата за јавни приходи, Управата за финансиско разузнавање, Управата за финансиска полиција, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот девизен инспекторат, Царинската управа, Фондот за осигурување на депозити, Агенцијата за управување со одземен имот, нотар, а во согласност со соодветни барања доставени од овие институции  за извршување за работи и водење на постапки кои се во рамките на нивните надлежности во согласност со закон. Личните податоци може да се пренесат на корисниците со соодветни заштитни мерки.

Обработувачи

Во процес на наплата, Штедилницата може да ги пренесе личните податоци кои ќе бидат потребни на Агенција за наплата, адвокат со кој Штедилницата има деловна соработка, и извршител. Личните податоци може да се пренесат на обработувачи со соодветни заштитни мерки.

Период на задржување на податоците

Штедилницата ги обработува и чува Вашите лични податоци до исполнување на целта за која се прибрани односно исполнување на договорните и законски обврски. Периодот на чување на личните податоци зависи од основата и целта на обработката на поединечна категорија на лични податоци.  За податоците собрани со цел исполнување на договор во којшто субјектот на лични податоци е договорна страна  или за да се преземат активности на барање на субјектот на лични податоци, периодот за задржување на податоците е десет години по завршувањето на деловниот однос со субјектот на личните податоци и една година по одбивање на барањето за кредит на субјектот на лични податоци.

Пренос на личните податоци во други земји или меѓународни организации

Штедилницата може да ги пренесе Вашите лични податоци во други земји или меѓународни организации единствено доколку услугата или продуктот кој што го користите е дел од програма или проект за соработка кој што Штедилницата го има склучено со друга земја или меѓународна организација. За истото ќе бидете навремено информирани пред да ни ги дадете податоците и истите ќе бидат прибрани, чувани и пренесени согласно закон.

Права на Субјектот на лични податоци

  • Од Штедилницата имате право да добиете потврда за тоа дали се обработуваат или не се обработуваат лични податоци што се однесуваат на Вас и доколку тоа е случај, пристапете до Вашите лични податоци преку разговор со контролорот ( info@fulm.com.mk ) и ќе добиете одговор без непотребно одложување (право на пристап);
  • од Штедилницата имате право да добиете, без непотребно одложување, исправки на какви било неточни лични податоци што се однесуваат на Вас (право на исправка). Штедилницата може да ја ограничи примената на Вашето право на пристап и исправки, доколку таквото ограничување е можно да претставува неопходна мерка за заштита вклучувајќи ги и не ограничувајќи ги:
    • спречувањето, истрагата, откривањето и гонењето на кривични дела
    • заштита на субјектот на податоците или на правата и слободите на другите.
  • Вие имате право од Штедилницата да добиете бришење на Вашите лични податоци, доколку веќе не се потребни во однос на целите за кои се собрани и за кои рокот за чување е истечен (право на бришење);
  • имате право да побарате од Штедилницата ограничување на обработката кога (1) ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци; (2) кога обработката е незаконска; (3) кога на Штедилницата повеќе не ѝ требаат лични податоци за целите на обработката; или (4) кога сте се спротиставиле на обработката во очекување на проверка дали легитимните основи на Штедилницата го надминуваат вашиот (право на ограничување на обработката);
  • имате право на приговор врз основа на посебна состојба кога обработката на лични податоци е незаконска;
  • имате право да ги примите Вашите лични податоци од Штедилницата во структуриран, најчесто користен и машински читлив формат и да ги пренесете тие податоци на друг контролор без пречки од Штедилницата (право на преносливост на податоците);
  • имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на лични податоци (https://dzlp.mk ) во секое време (право да се поднесе жалба).

Дали имате обврска да ги обезбедите Вашите податоци на Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје?

Во рамките на нашиот деловен однос, мора да ни обезбедите лични податоци кои се неопходни за воспоставување и водење на деловниот однос и исполнување на останати договорни обврски односно други информации кои сме законски обврзани да ги добиеме. Без овие податоци, можеби нема да бидеме во можност да ги извршуваме нашите договорни обврски и од тие причини може да не сме во можност да го воспоставиме или продолжиме деловниот однос со Вас.

Колачиња (Cookies)

КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство на веб страницата www.fulm.com.mk. Користењето на колачиња не е на ниеден начин поврзано со некаква информација за персонална идентификација во однос на Веб-страницата на Штедилница ФУЛМ.

Колачиња (cookies) се податоци кои ги користат веб страниците за да ги идентификуваат веб корисниците. Со помош на колачињата се следи движењето на посетителите на веб страницата www.fulm.com.mk и на тој начин се собираат податоци за подобро разбирање за користењето на веб страницата од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на веб страницата www.fulm.com.mk, но притоа не се користат личните податоци.

Сите информации што се меморираат во рамките на колачиња („cookies“) може да бидат искористени само за потребите на интернет-услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена.

Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, на веб страницата www.fulm.com.mk, користи неколку видови на колачиња при работењето на истата како што се:

Неопходни колачиња: Колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страницата како навигација, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и слично. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб страницата. Колачиња не содржат никакви лични информации.

Колачиња за аналитика: Колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страницата. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страницата. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.

Сесиски колачиња: Овие се привремени колачиња, кои се зачувуваат во датотеката на колачето на вашиот Интернет-пребарувач, додека не ја завршите сесијата на вашиот Интернет-пребарувач.

Со кликање на копчето “Се согласувам” или со продолжување на користење на веб-страницата, се согласувате да ги зачуваме колачињата опишани во овој документ.

Доколку не сакате да користиме cookies како што е наведено погоре, или ако се премислите откако ќе се согласите со нашата употреба на cookies, можете истите да ги избришете преку вашиот пребарувач.

Менито „Помош“ („Help“) во лентата со алатки на интернет-пребарувачот на Вашиот компјутер ги дава следниве информации за корисниците: Да ги прифатите сите колачиња, Како да ги исклучите колачињата од трети страни, Како да го поставите пребарувачот да  Ве извести кога ќе примите ново колаче, Како целосно да ги исклучите колачињата.

Оневозможувањето на колачиња на овој начин ќе спречи поставување нови колачиња, но нема да престане да функционираат претходно поставените колачиња на вашиот уред, освен ако не ги избришете сите колачиња во поставките на прелистувачот.

Доколку не се прифатат колачињата, тогаш постои можност веб-страницата да не функционира на начин како што очекувавте.

Правна напомена

Секое лице кое има пристап до веб-сајтот на Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје во worldwide web (www.ФУЛМ.com.mk), е согласен со следното:

Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје редовно ги ажурира податоците кои се наоѓаат на овој web сајт.

Објавените податоци се исклучиво од информативен карактер, така што постои можност за промена на податоците во периодот меѓу две ажурирања.

Од тие причини Штедилница ФУЛМ не преvзема никаква одговорност ниту пак гарантира за точноста, веродостојноста или потполноста на информациите кои ги содржи нашиот web сајт.

Податоците кои се достапни на сајтот кои се од информативен карактер не смеат да се користат за други цели.

Штедилница ФУЛМ не одговара за евентуални штети кои настанале со користење на податоците на овој сајт.

Штедилница ФУЛМ го задржува правото да ги менува податоците кои се наоѓаат на сајтот во било кое време, без претходна најава.

Пред да се одлучите за било кој производ или услуга на Штедилница
ФУЛМ Ви предлагаме да се консултирате со стручните лица од Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, кои Ви стојат на располагање за сите прашања во сите наши
филијали низ Република Македонија.

Штедилница ФУЛМ го задржува правото да го одбие барањето без
дополнително објаснување
.

Целата содржина на web сајтот на Штедилница ФУЛМ е предмет на авторско право. Умножување, копирање, дистрибуција и користење на целиот или поединечен дел од податоците кои се достапни на сајтот на Штедилница
ФУЛМ не е дозволено без претходно одобрение од Штедилница ФУЛМ.