Обуки/Работилници

Обуки за личен и професионален напредок

 

Обуки за личен и професионален напредок

Штедилница ФУЛМ ги поттикнува, инспирира и мотивира своите членови во насока кон свој професионален и личен напредок и напредок на својата заедница. За таа цел, во изминатите години, организиравме презентации, обуки и работилници, а во оваа насока ќе се движиме и во наредниот период.  Сигурни сме дека овие обуки ќе ги продлабочат вашите знаења,

ќе ги зголемат вашите бизнис контакти и можности за напредок, можности за вработување или отпочнување сопствени бизниси.

Специјализираните бесплатни работилници и обуки, со назив ,, Инклузија и иновација во микрофинансирањето, проект финансиран од УСАИД, а во соработка со  Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Сојузот на микрофинансиски организации (СМО) се наменети за нашите членови (земјоделци, студенти, невработени и лица кои планираат да започнат бизнис) и имаат за цел да ги продлабочат знаењата во сферата на финансиите.

Доколку сте заинтересирани за обука, Ве охрабруваме вашиот интерес да го пријавите на следната е-маил адреса: info@fulm.com.mk  ,  со назнака: Интерес за обуки за финансиско знаење, при што ќе го наведете, статусот на вработување (невработен, студент, земјоделец) вашето име и презиме, членски број и телефонски број.

Oбуки за земјоделци Ресен, Валандово, Струмица, Гевгелија, Неготино…Февруари, 2018 

БЕСПЛАТНИ ОБУКИ за финансиско знаење за ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ!

Како полесно до финансиски средства за земјоделците, како да се управувааат личните и организациските парични средства, како се одредува цената на чинење на производите, принципи на одговорно позајмување и штедење, беа темите на бесплатните обуки за земјоделците, кои се одржаа во месец Февруари 2018, во повеќе градови низ Македонија: Ресен, Валандово, Струмица, Гевгелија, Неготино…

Штедилница ФУЛМ е под-имплементатор на проектот: „Инклузија и иновација во микрофонансирањето” финансиран од УСАИД, спроведуван од Сојузот на микрофинансиски организации како главен спроведувач на проектот и МРФП, Штедилница Можности, Микрокредитна фондација Хоризонти и Штедилница ФУЛМ како под-спроведувачи на проектот

Oбука за земјоделци Кавадарци и Св.Николе-Февруари, 2017

БЕСПЛАТНИТЕ ОБУКИ за финансиско знаење за ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ!

Овојпат се обучуваа заинтересираните земјоделци во Кавадарци и во канцелариите на Федерација на фармери во с.Мустафино,С.Николе.”Обуката за финансиско знаење” е дел од проектот за “Инклузија и иновација во микрофинансирањето”, имплементирана од Сојузот на микрофинансиски организации, со Штедилница ФУЛМ како подимплементатор, проект поддржан од УСАИД Македонија.

Обука за финансиско знаење за студентите
Скопје, 27 Септември,2016 година

Нови сознанија, проверка на постоечките знаења и добро дружење! На обуката присуствуваа студенти од различни факултети од Р.М. Штедилница ФУЛМ е подимплементатор на “Обуката за финансиско знаење” како дел од проектот за “Инклузија и иновација во микрофинансирањето”, поддржано од УСАИД, спроведуван од Сојуз на микрофинансиски организации како главен имплементатор.

Презентација на земјоделските кредити
Кавадарци-30 Март,2017 година

Штедилница ФУЛМ ги презентираше своите земјоделски кредити за земјоделци и невработени кои сакаат да започнат да се занимаваат со земјоделие на обуката за финансиско знаење, овојпат во Кавадарци. Проектот за “Инклузија и иновација во микрофинансирањето”, имплементирана од Сојузот на микрофинансиски организации, со Штедилница ФУЛМ како подимплементатор, проект поддржан од УСАИД Македонија, продолжува и понатаму на нови локации.

Презентација на земјоделски кредити
во Гостивар-05 Април, 2017 година

Предизвиците на земјоделците, од моментот на подигање на кредитот, па до нивна конечна отплата во фокусот на интерес на земјоделците присутни на презентацијата на Штедилница ФУЛМ на земјоделските кредити, на обуката за финансиско знаење, одржана во Гостивар,  во рамките на проектот за “Инклузија и иновација во микрофинансирањето”.

Презентација на земјоделски кредити
Велес,13 Март, 2017 година

Земјоделците од Македонија изразија голема заинтересираност за начинот на отплаќање на земјоделските кредити на Штедилница ФУЛМ на обуката за финансиско знаење во Гостивар во склоп на проектот за “Инклузија и иновација во микрофинансирањето”, имплементирана од Сојузот на микрофинансиски организации, со Штедилница ФУЛМ како подимплементатор, поддржано од УСАИД Македонија.