СЕРТИФИКАТ за усогласеност со Европскиот кодекс на добро однесување при микроредитирање

Во 2020 година Штедилница ФУЛМ е наградена со „СЕРТИФИКАТ за усогласеност со Европскиот кодекс на добро однесување при микрокредитирање“ издаден од Европската комисија, Дирекција „Вработување, социјални односи“.

Повеќе информации за EaSI програмата и Европскиот кодекс на добро однесуање при одобрување на микрокредити пронајдете на следниот линк

https://ec.europa.eu/social/main.jsp?catId=1480&langId=en

Особено, горди сме што Штедилница ФУЛМ е единствената финансиска институција која е сертифицирана во РС Македонија како една од 47-те финансиски институции во Европа. На следниот линк е листа на финансиски институции што го исполнуваат овој сертификат издаден од Европската комисија

https://ec.europa.eu/social/main.jsp?catId=1482&langId=en

На крај пренесуваме дел од оригиналната порака од Европската комисија за нивото на усогласеност со сертификатот на Штедилница ФУЛМ: „Во име на Управувачката група, би сакал да ги поздравам Вашите напори за постигнување импресивна глобална оцена на усогласеност од 99% (153 клаузули од 154), надминувајќи го минималниот праг од 80% “.