Успешен бизнис во услови на Коронавирус криза

marija Events and promotions

Денес Ви го претставуваме нашиот член и учесник во кампањата “Мој бизнис – Моја слобода”, Марија од Скопје која 2 децении го раководи својот бизнис за малопродажба на облека, бутикот Мариник. Бутикот се наоѓа во непосредна близина на нашата филијала во Аеродром на Булевар Јане Сандански 7/1 Скопје. 

   

Со својата работа е релативно задоволна. Тежок е опстанокот за сите микро претпријатија во овој период во услови на вирусот Ковид 19, па и за мојот бизнис исто така, вели во разговорот Марија за себе. Работата е драстично намалена, но сепак работиме и дословно ги почитуваме мерките за заштита препорачани од здравствените власти со цел да го заштитиме здравјето на сите нас.

  

Марија своето слоодно време го исполнува со многу рачни изработки на кои таа е посебно горда. Во прилог ви презентираме некои од нив.

  

Во надеж за подобри денови и повторно враќање на работите во нормала Марија ве поздравува и ве поканува да ја посетите и да се подновите со некое парче нова облека. 

Контакт телефон: 070 536 407