Go Green -Активности

Еко совети за поголема заштеда во домаќинството и заштита на околината.

Image

Изолацијата на домот може да биде огромна домашна инвестиција, но секако е безбеден начин за зголемување на енергетската ефикасност. На пример, поставувањето изолација на поткровје може значително да ги намали трошоците за греење и ладење.

Замената на незапечатената столарија е исто така еден од важните, но скапи чекори. Сепак, дури и ако домашниот буџет не дозволува таква инвестиција, запечатувањето на празнините или пукнатините околу прозорците може да биде солидно решение.

  • Можeте да го направите тоа со обична пена, а има и облоги направени токму за оваа намена.
  • Ставањето заптивна лента на рамката на прозорецот или крилото и проверката на сите брави и шарки се евтини и ефективни трикови за да се спречи трошењето енергија.

Извор:https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/DOC/?uri=CELEX:52020DC0662&from=EN

Image

  

Правилната употреба на опремата исто така може да заштеди енергија. Во оваа статија ќе ги појасниме предностите од правилното користење на уредите

  • Кога не се користи, електричниот уред уредот треба целосно да се исклучи.
  • Режимот на подготвеност треба да се избегнува колку што е можно повеќе.
  • Машините за перење и машините за миење садови најдобро функционираат кога се целосно наполнети.
  • Перењето на пониска температура е одличен начин за заштеда на енергија

Апаратите за ладење треба да се чуваат што подалеку од шпорети или вградени печки, како и од машини за миење садови.

  • Колку е пократко времето отворена вратата на фрижидерот, толку подобро. Се препорачува целата храна и течности што се чуваат во фрижидер да бидат покриени или ставени во херметички садови. Кога е изложена, храната ослободува влага и го поттикнува компресорот да работи понапорно.

  • Кога подготвувате помали оброци, претпочитајте да користите мали кујнски апарати како што се тостер или микробранова печка наместо голема рерна. Покрај заштедата на струја, во летните месеци не треба да се грижите за трошоците за ладење на просторијата, бидејќи малите уреди создаваат помалку топлина.

Извор: https://energijatavredi.evn.mk/

Image

Домашните апарати како фрижидери, замрзнувачи, шпорети и машини за перење кои се користат постојано или често се исто така најголеми потрошувачи на електрична енергија, а добар избор на големи и мали домашни апарати може да има значително влијание врз енергетската ефикасност на домот.

На денешниот пазар може да се најдат уреди со енергетски ефикасни спецификации кои ги исполнуваат европските критериуми.

Во споредба со стандардните апарати, домашните апарати со висока енергетска класа (означени со А, А+, А++ и А+++) трошат од 10 до дури 50% помалку енергија. Покрај тоа, тие помагаат да се намалат емисиите на стакленички гасови.[1]

Доколку размислувате да купите клима уреди, големи кујнски апарати или машини за перење и сушење, побарајте ги оние со енергетска класа А. Иако имаат малку повисока цена, оваа еднократна инвестиција ќе ви се исплати многукратно преку пониска струја сметка.

Извор: https://energijatavredi.evn.mk/

Извор: https://ec.europa.eu/commission/presscorner/detail/en/ip_21_818

Image

За разлика од поставувањето изолација или купувањето нови прозорци, заменувањето на светилките е прилично едноставно, ефтино и исто така одличен начин да заштедите на сметката за струја. Халогените и LED светилките нудат подолготрајна светлина и се енергетски поефикасни од обичните.

Просечниот животен век на обична сијалица е 1.500 часа, додека на LED е 25.000 часа.[1] Што се однесува до потрошувачката, еквивалент на обична сијалица од 60W е LED сијалица од 7W.

Ако направиме пресметка една обична сијалица која работи три часа дневно троши околу 65 kWh, а LED сијалица помалку од 8 kWh. Бидејќи просечната куќа користи околу 10 до 15 светилки, заштедата не е занемарлива. Се разбира, дури и за LED светилки важи препораката: исклучете го непотребното осветлување.

Извор: https://energijatavredi.evn.mk/

Image

Малите промени во потрошувачката на вода во домаќинствата можат да донесат значителни заштеди. Исклучете ја водата секогаш кога не е потребно да тече, на пр. додека ги четкате забите и рацете или додека се бричите. Исто така, при туширање во просек се трошат 20 литри вода, што е значително помалку од 40 литри – вообичаената потрошувачка за капење во када. Перете алишта само кога машината е полна. Полното оптоварување значи дека повеќе алишта се перат одеднаш, што пак заштедува вода (и пари).[1]

Со овие практични совети и мали или големи инвестиции, долгорочно може да постигнете заштеди и во исто време да направите многу не само за домашниот буџет, туку и за заштита на животната средина. Покрај пониските сметки за струја и вода, ќе придонесете и за зачувување на енергетските ресурси и почист воздух. Затоа, енергетски ефикасен дом не значи само поголема удобност, туку и поздрав живот и свет.

Извор: https://www.vodovod-skopje.com.mk/mk-MK/article/PREPORAKIZAShTEDENjE

 

Ако сакаш да го промениш светот, почни од себе!
Go Green!