Инфо за штедење

Услови под кои се врши прибирање на депозити

во Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје

Штедилницата прима депозити по видување, орочени депозити и флекси депозити (во понатамошниот текст депозити) со променлива и со фиксна каматна стапка. Депозитите се денарски или  индексирани со евро на денот на прием на депозитот. Депозитите се со рок на орочување од 1 (еден) до 84 (осумдесет и четири) месеци и со можност за доспевање на однапред определен датум. Депозитите до 31.12.2017 година, автоматски се преорочуваат заедно со доспената камата на денот на доспевање на депозитот. Депозитите вложени од 01.01.2018 година, може  автоматски да се преорочуваат заедно со  доспеаната камата или да се преорочи само депозитот. Депозитот може да биде со капитализација или без капитализација на камата.

Штедилницата прима орочени депозити (во понатамошниот текст депозити) на физички лица кои не се членови на ЗГ ФУЛМ со фиксна каматна стапка.

Најмал вкупен износ на орочен депониран штеден влог изнесува 2.000,00 денари, освен за членскиот депозит, флекси депозит, депозит по видување, младинскиот клуб, клучНа доверба депозит и ограничени депозити.

Штедилницата ги осигурува депозитите кај Фондот за осигурување на  депозити. Штедилницата гарантира со капиталот за сигурноста на  депозитите.

Променлива каматна стапка е пресметана како збир од последно важечката рефернтна каматна стапка зголемена или намалена за соодветни процентни поени. Каматната стапка ќе се ревидира согласно промена на референтната каматна стапка објавена од НБРМ и таа не може да биде пониска од 0.05% годишно. На денот на вложувањето на депозитот, Штедилницата ги обелоденува последните важечки каматни. Фиксната каматна стапка е непроменлива за периодот на орочување. На денот на доспевање, депозитите се преорочуваат на истиот период и по каматни стапки кои се важечки на денот на преорочувањето.

По исклучок на член 4 за време на траење на вонредна состојба каматната стапка се определува на месечно ниво и тоа во висина на референтна стапка, што важела на последниот ден од претходниот месец. При пресметката се користи последната референтна стапка утврдена и објавена на веб страницата од Народната банка на Република Северна Македонија

Пресметката на каматата е по дневна конформна метода на депозитот. За депозити по видување кои на 31.12 имаат салдо на членски депозити или се постоечки корисници на услуги и/или се корисници преку фамилијарните депозити, камата се пресметува на 31.12 за тековната  година со последната објавена каматна стапка. Депозити кои ќе се раскинат пред денот на доспевање, на денот на раскинување на  депозит  ќе се пресмета и исплати камата на депозит за видување со последната објавена каматна стапка. Кај депозитите со капитализација на камата, каматата се пресметува на месечно ниво и истата месечно се пренесува на орочениот депозит при што зголемениот износ (главница и камата) е основа за пресметка на камата и се евидентира како доспеан до денот на исплата на каматата, а кај депозитите без капитализација се пресметува месечно и се евидентира како доспеана камата на месечно ниво на денот на доспевање и се става на располагање на депозит по видување. Валутната клаузула се однесува само за заштита од повеќе од 5% (пет проценти) девалвација.

При промена на каматната стапка, Штедилницата може да изврши еднократно усогласување на каматната стапка преку стапка на доверба.Поради долгогодишната доверба во Штедење, при намалување на каматната стапка ќе се пресмета каматна стапка зголемена за 0.05-0.5 % зависно од периодот на иницијалното вложување во однос на последната објавена каматна стапка за депозитниот продукт. Стапката на доверба се пресметува на денот на намалување на каматната стапка и важи до денот на прво доспевање на депозитот или прво зголемување на референтната каматна стапка.

Доколку депонентот на денот на исплата на депозитот се одлучи исплатата на депозит да ја реализира преку безготовински промет, Штедилницата врши исплата на бонус камата од 0.05% од исплатениот износ (камата и/или депозит).

Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на денот на достасување со претходно поднесено писмено барање од најмалку 2(два) работни дена пред раскинување на договорот и само врз основа на согласност од Штедилницата.

Депонентот има право да именува лица кои ќе располагаат со депозитот. Доколку депонентот е малолетно лице или лице со пречки во развојот, депозитот го вложува и располага со истиот законски застапник/ци или законски старател/ли. Депозитите може да се користат за обезбедување на договор за кредит, за што депонентот потпишува Изјава и тој депозит станува ограничен депозит. Ограничениот депозит се ослободува на денот на подмирување на сите обрски од договорот за кредит со кој овој депозит ќе се ослободи и ќе биде ставен на располагање на депонентот. Позитивната разлика помеѓу износот на ограничениот дел од депозитот и вкупните обврски по кредитот за кој се користи депозитот, може да биде ослободена на барање на депонентот.
За депозитите кои се вложени до 31.12.2017 година се определува променлива каматна стапка,  освен за депозитите кои се со фиксна каматна стапка до денот на орочување и членските депозити. Управителот на Штедилницата има право да одобри исклучок за промена на услови на депозит, и да извести на следната седница на Единствениот содружник.

Надоместоците за работа со депозитите се согласно тарифа на Штедилница ФУЛМ.

Како мерка за намалување на кеш трансакциите Штедилница ФУЛМ на заинтересираните штедачи ќе им ја плати провизијата за пренос на средствата од банките на трансакциска сметка на ФУЛМ, ако достават хартиен или електронски налог од банка како доказ.

Согласно член 116 од Законот за данок на личен доход, одредбите кои се однесуваат на оданочувањето на каматите од орочени депозити ќе се применуваат од денот на пристапувањето на
РС Македонија во Европската Унија.

Согласно одлука од 03.07.2022 г. која ќе се применува од 01.07.2023 година.