Заштита на личните податоци

Контролор

Личните податоци се обработуваат од страна на Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје („Штедилница“ или „контролор“) во согласност со Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на РСМ“ бр. 42/2020) за заштита на физички лица во однос на обработката на личните податоци од Контролорот и за пренос на таквите податоци до релевантни институции.

Контакт со контролорот на: info@fulm.com.mk

Контакт со лице овластено за заштита на личните податоци на: jovankat@fulm.com.mk

Извори и податоци коишто ги користи Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје

Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје ги обработува личните податоци што ги добива директно од Вас (како субјекти на личните податоци) при воспоставување или во текот на деловниот однос со Вас. Обработката на личните податоци е во обем потребен за обезбедување на нашите услуги и таа ги вклучува и податоците од јавно достапни извори податоци (на пр. трговски регистар, кредитни регистри и сл.).

Личните податоци се состојат од име и презиме, адреса, ЕМБГ и други лични податоци на субјектот на личните податоци содржани во апликацијата за клиент (физичко лице) потребни за исполнување на целта. Овие податоци може да се дополнат со дополнителни информации собрани преку алатките за истражување и базите на податоци.

Цел

Личните податоци коишто се наведени ќе бидат собрани заради:

  • Исполнување договор во којшто субјектот на личните податоци е договорна страна или за да се преземат активности на барање на субјектот на личните податоци;
  • идентификување и следење на потенцијалните ризици за Штедилницата од трансакција на којашто Штедилницата има преземено обврска, вклучувајќи го и ризикот од даночна измама;
  • идентификување пошироки ризици за репутацијата поврзани со трансакцијата или поврзани членови на субјектот на личните податоци; и
  • спроведување анализа на клиентот во согласност со Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Корисници на податоци

Споменатите лични податоци ќе бидат обработени од соодветни служби на Штедилницата и можат да бидат споделени со Народната банка на Република Северна Македонија, Управата за јавни приходи, Управата за финансиско разузнавање, Управата за финансиска полиција, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот девизен инспекторат, Царинската управа, Фондот за осигурување депозити, Агенцијата за управување со одземен имот, нотар, а во согласност со соодветни барања доставени од овие институции  за извршување работи и водење постапки коишто се во рамките на нивните надлежности во согласност со закон. Личните податоци може да им се пренесат на корисниците со соодветни заштитни мерки.

Обработувачи

Во процес на наплата, Штедилницата може да ги пренесе личните податоци коишто ќе им бидат потребни на Агенција за наплата, адвокатот со кој Штедилницата има деловна соработка и извршителот. Личните податоци може да им се пренесат на обработувачи со соодветни заштитни мерки.

Период на задржување на податоците

Штедилницата ги обработува и ги чува Вашите лични податоци до исполнувањето на целта за која се прибрани, односно до исполнувањето на договорните и законските обврски. Периодот на чување на личните податоци зависи од основата и целта на обработката на поединечна категорија лични податоци.  За податоците собрани заради исполнување договор во којшто субјектот на личните податоци е договорна страна  или за да се преземат активности на барање на субјектот на личните податоци, периодот за задржување на податоците е десет години по завршувањето на деловниот однос со субјектот на личните податоци и една година по одбивањето на барањето за кредит на субјектот на личните податоци.

Пренос на личните податоци во други земји или меѓународни организации

Штедилницата може да ги пренесе Вашите лични податоци во други земји или меѓународни организации единствено доколку услугата или продуктот којшто го користите е дел од програма или проект за соработка којшто Штедилницата го има склучено со друга земја или меѓународна организација. За тоа ќе бидете навремено информирани пред да ни ги дадете податоците и тие ќе бидат прибрани, чувани и пренесени согласно со закон.

Права на субјектот на личните податоци

  • Од Штедилницата имате право да добиете потврда за тоа дали се обработуваат или не се обработуваат лични податоци што се однесуваат на Вас и доколку тоа е случај, пристапете до Вашите лични податоци преку разговор со контролорот ( info@fulm.com.mk ) и ќе добиете одговор без непотребно одложување (право на пристап);
  • од Штедилницата имате право да добиете, без непотребно одложување, исправки на какви било неточни лични податоци што се однесуваат на Вас (право на исправка). Штедилницата може да ја ограничи примената на Вашето право на пристап и исправки, доколку таквото ограничување е можно да претставува неопходна мерка за заштита вклучувајќи ги и не ограничувајќи ги:
    • спречувањето, истрагата, откривањето и гонењето кривични дела;
    • заштитата на субјектот на податоците или на правата и слободите на другите.
  • Вие имате право од Штедилницата да добиете бришење на Вашите лични податоци, доколку веќе не се потребни во однос на целите за кои се собрани и за кои рокот за чување е истечен (право на бришење);
  • имате право да побарате од Штедилницата ограничување на обработката кога (1) ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци; (2) кога обработката е незаконска; (3) кога на Штедилницата повеќе не ѝ требаат личните податоци за целите на обработката; или (4) кога сте се спротивставиле на обработката во очекување на проверка дали легитимните основи на Штедилницата го надминуваат Вашиот (право на ограничување на обработката);
  • имате право на приговор врз основа на посебна состојба кога обработката на личните податоци е незаконска;
  • имате право да ги примите Вашите лични податоци од Штедилницата во структуриран, најчесто користен и машински читлив формат и да му ги пренесете тие податоци на друг контролор без пречки од Штедилницата (право на преносливост на податоците);
  • имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на лични податоци (https://dzlp.mk ) во секое време (право да се поднесе жалба).

Дали имате обврска да ѝ ги обезбедите Вашите податоци на Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје?

Во рамките на нашиот деловен однос, мора да ни обезбедите лични податоци коишто ни се неопходни за воспоставување и водење на деловниот однос и исполнување останати договорни обврски, односно други информации коишто сме законски обврзани да ги добиеме. Без овие податоци, можеби нема да бидеме во можност да ги извршуваме нашите договорни обврски и од тие причини може да не сме во можност да го воспоставиме или да го продолжиме деловниот однос со Вас.