Политика за превземање и продажба на имот

ПОЛИТИКА ЗА ПРЕВЗЕМАЊЕ И ПРОДАЖБА НА ИМОТ ВРЗ ОСНОВА НА НЕНАПЛАТЕНИ ПОБАРУВАЊА

(1) Основната намена на Политика за превземање и продажба на имот е да се пропише методологија за сметководствениот и регулаторниот третман на превземените средства врз основа на ненаплатени побарувања.
(2) Политиката е поделена на неколку поглавја:

1) Општи одредби
2) Почетно признавање на преземените средства
3) Последователно мерење на преземените средства
4) Мерење на затекнатите преземени средства.
5) Регулаторен третман
6) Управување со превземените средства
7) Завршни одредби

(3) Под превземени средства се подразбираат сите материјални средства ( имот во земјиште, згради, опрема ) и други вредности кои се преземени врз основа на ненаплатени побарување , со икслучок на преземените хартии од вредност.
(4) Одредено средство се смета за преземено во моментот на стекнување правен основ за запишување на сопственоста , кој се смета како датум на преземање на средството .