Политика за воведување нов производ

ПОЛИТИКА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НОВ ПРОИЗВОД

(1) Со оваа политика се пропишува начинот на воведување и усвојување нов производ во апикациите за кредити и депозити, изготвување на оперативна процедура, имплементација во информативниот систем, маркетинг активност за промоција на новите производи на Штедилница ФУЛМ (во понатамошниот текст Штедилницата)
(2) Штедилницата при воведување на нов производ ги спроведува сите неопходни консултации со сектор сметководтсво, со лице задолжено за Информативниот систем на Штедилницата, со службата за внатрешна ревизија, користење на услуги од надворешни соработници ( адвокати , нотари).
(3) Штедилницата при воведување на нов производ врши испитување на сите ризици ( кредитен, ликвиден, валутен, пазарен, оперативен,ризик од промена на каматните стапки ), врши анализа на влијанието на новиот производ врз капицитетот на Штедилницата, користејќи систем на рангирање на влијанието со нивоа од 1 до 5, односно 1-нема, 2 – минимално, 3- средно, 4 – значително и 5- многу значително, како и анализа на влијанието на новиот производ врз управувањето со оперативниот ризик.