НАТПРЕВАР ЗА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА-ПРЕДЛОЖИ ОДРЖЛИВА ЗЕЛЕНА ИДЕА

Бојана Башовска Настани и Промоции

Image

Предложете одржливо зелено решение и освојте студентска стипендија!

Минатата година ја доделивме стипендијата на студентка од Факултетот ФИНКИ и ни причинува особено задоволство, што и оваа година ќе доделиме студентска стипендија на некој од Вас!

*ПРАВО НА УЧЕСТВО ИМААТ СИТЕ СТУДЕНТИ, НА СИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ И ФАКУЛТЕТИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.*

Сè што треба да направите е да ја пополните пријавата на ОВОЈ ЛИНК, да го испратите Вашиот одговор и да очекувате дека токму Вашата идеја ќе биде вреднувана со студентската стипендија (паричен износ кој соодветствува на вкупните трошоци и партиципација, за една студиска година).

Натпреварот трае од 16 септември до 11 ноември 2022 година, а доделувањето на стипендијата ќе се одржи на

Интернационалниот ден на студентите – 17 Ноември 2022 год.

*Победничкиот предлог за зелено одржливо решение може да биде реализиран од страна на ФУЛМ


Студентската стипендија се доделува од фондот ДЕФ/
DEF (Drew Egan Fund) основан од: Здружението на граѓани ФУЛМ, Штедилница ФУЛМ доо Скопје и Лигата на кредитни унии од Мичиген (MCUL, USA).