МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КРЕДИТНИТЕ УНИИ 2025

B.B Настани и Промоции

Image

Меѓународниот ден на кредитните унии (ICU Day) е ден кога го славиме срцето и душата на кредитното движење – луѓето. Ден кога се потсетуваме дека зад секоја бројка стои приказна, зад секоја услуга стои човек, а зад секој успех стои заедништво. Повеќе од седум децении, овој ден – третиот четврток во октомври – не обединува низ целиот свет во заедничка мисија: да градиме посилни заедници преку солидарност.

*******

Штедилница ФУЛМ солидарноста не ја остава само на зборови, туку ја претвора во дело. Во знак на поддршка, вкусните производи на „Макпрогрес“, ќе ги споделиме со Вас. Ве покануваме во нашите филијали на кафе, благо и муабет да покажеме дека вистинската сила за подобар свет е во заедништвото и соработката. #ДенНаКредитнитеУнии #СолидарностВоАкција #ФУЛМ #Винчини #ЗаедноСмеПосилни