ДОБИТНИК НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА 2025 ГОДИНА

B.B Настани и Промоции

Image

Иво Дамчески  - Студент на УКИМ, Економски Факултет- добитник на стипендија.

Image Image
Секоја година на Mеѓународниот ден на студентите 17-ти Ноември доделуваме студентска стипендија од фондот ДЕФ (DEF – Drew Egan Fond), a ја доделуваат: 
Здружението на граѓани ФУЛМ, ФУЛМ Штедилница / FULM Savings House, член на Светскиот совет на Кредитни унии (World Council of Credit Unions), во соработка со Лигата на кредитни унии од Мичиген (Michigan Credit Union League & Affiliates, USA).

Оваа година организиравме квиз на знаење 

"Хакни со знаење – изненади се со стипендија“!

Па така, чест ни е и задоволство да ги објавиме ПОБЕДНИЦИТЕ:
1.Иво Дамчески  - Студент на УКИМ, Економски Факултет- добитник на стипендија.
2.Иван Јангелов - студент на Правен факултет ,, Јустинијан Први - второ најдобро решение на квизот
3.Елдар Изберовиќ-студент на МИТ Универзитет- трето најдобро решение на квизот
 На победниците им честитаме!
👩‍🎓🧑‍🎓Нека е честит денот на студентите 17 ноември.