Успешна земјоделска приказна и во време на Ковид – 19

marija Настани и Промоции

Чичко Стојан е наш член скоро 20 години поточно од декември 2001 година и е еден од првите 100 членови во Филијалата Тиквешија на Штедилница ФУЛМ. Тој активно се занимава со земјоделије, поточно лозраство и помалку овоштарство. Многупати до сега сме си ја оправдале довербата едни према други и истата сè уште трае. Чичко Стојан малку ни раскажа за неговите лозови насади, како ги негува и со кој ентузијазам го работи сето тоа, но и за тоа како годинава не беше баш една од најдобрите.

Аплицирај за кредит за земјоделци

“Со лозарството се занимавам веќе долги години, покрај него почнав да одгледувам и овошки со текот на годините почнав да го зголемувам и бројот на овошките. Околу лозарството имам насадено неколку сорти на лозови насади и тоа насадени се како шпалир и одер, ги работиме фамилијано освен во период на берба каде имаме потреба од дополнителна работна рака па ангажираме и берачи – аргати. Бербата е еден од најубавите моменти во лозарството за мене, тогаш го бериме целиот плод и тоа со многу шали и песна за побргу да оди работата. Но за жал годинава и не се покажа една од најдобрите. Главни причинители за загуба на дел од родот беа временските неприлики кои за време на берба беа проследени со многу поројни дождови како и дополнително ситуацијата која не снајде со вирусот КОВИД 19 која влијаеше на целокуното тековно работење. За да се справиме стартно со ваква настанатата ситуација предизвикана од КОВИД моравме да употребиме повеќе физички труд и темелна организација со цел прилагодување кон воведените мерки за рестрикции во движењето поради мојата старосна граница како и полициските часови кои беа воведени баш во периодот на стартните подготовки за лозовите насади. Нашиот главен приход е лозарството како и дел од овштарството, за да можевме сето ова да го поднесеме во оваа тековна година најмногу ни помогна Штедилница ФУЛМ, таа буквално ни помогна од почеток на обработка на лозовите и овошните насади со обезбедување на репро материјали (колци, жица, препарати за прскање), инсталација на систем за наводнување како и исплата на работна рака за време на берба. Благодарени на нивните услуги,  долгогодишната соработка и доверба ние успешно ја пребродуваме оваа криза предизвикана од вирсот.

Понекогаш работата ја започнуваме со еден план, а ја завршуваме со друг бидејќи не секогаш оди по планираното, можеби ќе бидеме повеќе во добивка, но треба да научиме и дека ќе претрпиме и одредени загуби во работата. За тоа не треба да се откажуваме во вакви настанати ситуации и треба да проложиме со работата избирајќи ги вистинските околу нас, оние кои ќе ти подадат рака во соодветниот момент. За мене такви беа штедилница ФУЛМ – Тиквешија кои секогаш се тука за мене и моето семејство.”

Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање