Со оваа Политика се пропишуваат извештаите и податоците кои Штедилница ФУЛМ е должна да ги објави, како и фреквенцијата на објавување на извештаите и податоците, начинот на оцена на соодветноста на објавувањето на тие извештаи и податоци и начинот на идентификување на материјалните, сопствените и доверливите податоци
Штедилница ФУЛМ ги објавува следниве извештаи и податоци:
1) Основни податоци за Штедилницата и податоци за сопственичката структура на Штедилницата
2) Најзначајните показатели
3) Податоци за висината на сопствените средства
4) Структура на активата пондерирана според ризиците, прикажана според одделните ризици и износ на капиталот потребен за покривање на соодветниот ризик, утврдени во согласност со регулативата на Народната банка за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот;
5) Податоците и информациите за стапката на задолженост
6) Услови под кои се врши прибирање на депозити;
7) Услови под кои се врши кредитирање на физички лица;
8) Образец ИП за недвижен и движен имот
9) Податоци за Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)
10) Писмената изјава за усогласеноста на објавените извештаи и податоци со барањата на Одлуката за објавување на извештаи и податоци