Пролетна понуда

marija Настани и Промоции

КРЕДИТ ЗА НЕВРАБОТЕНИ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ЛИЧНИ ПРИМАЊА  
Целна група • Невработени лица со дополнителни лични примања  
Износ на кредитот • Од 10.000 до 400.000 МКД – денарски кредит*
Рок на отплата • 12, 24, 36, 48, 60 и 72 месеци
• Максимум грејс период 12 месеци
Потребно обезбедување • Жирант/и, и/или заверка на меница во форма на нотарски акт и без жирант/и (зависно од износот на одобрениот кредит и кредитната историја во Штедилница ФУЛМ)
Каматни стапки Годишна, променлива каматна стапка* (СВТ)
Начин на плаќање • Месечно со примена на методот на ануитетни плаќања (месечни рати)
Надомест • Надоместите се пресметуваат врз основа на Тарифата на Штедилница ФУЛМ на денот на склучување на Договорот
Минимум критериуми за кредитот • Физички лица, државјани на Република Македонија
• Корисникот на кредит мора да биде член во ФУЛМ
Минимум потребна документација при аплицирање за кредит • Фотокопија од важечка лична карта или важечки пасош од кредитобарателот и жирантот/ите
• Заверена потврда за нето плата и постоечки забрани за нето плата од жирантот/ите
• Целосно пополнети обрасци за кредит
Предност ·Исплата во готово или на трансакциска сметка

·Не се наплаќа надомест за предвремено затварање на кредитот

·Поповолни услови при повторно аплицирање за кредит

*Валута МКД: денарски кредит. Почнувајќи од 01.09.2015 година, новоодобрените кредити нема да имаат валутна клаузула за заштита од девалвација. Сите исплатени кредитни партии заклучно со 31.08.2015 година, имаат валутна клаузула само за заштита од девалвација.

*Годишна променлива каматна стапка. Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје, согласно важечката регулатива редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб страната, на шалтерите на филијалите на штедилницата и преку јавни медиуми

Штедилницата одобрува кредити и пролонгација со променлива и/или фиксна каматна стапка. Променлива каматна стапка е пресметана како збир од последно важечката референтна каматна стапка (30 Јуни и 31 Декември) зголемена или намалена за соодветни процентни поени. Каматната стапка ќе се ревидира согласно полугодишната промена на референтната каматна стапка објавена од НБРМ. На денот на промена на каматната стапка, Штедилницата ги обелоденува важечки каматни стапки во Одлука. Фиксната каматна стапка е непроменлива за наведениот периодот на кредитот.

Согласно Одл. од 24.02.2018