Пофалби и поплаки
Почитувани,
Доколку сакате да ја контактирате Штедилница ФУЛМ во врска со услугите, производите или вработените во Штедилницата или сакате да поднесете приговор или дојава во врска со етичките, сметководствени или ревизорски прашања, испратете ни e-mail на: zalbi@fulm.com.mk
Доколку сакате да поднесете поплака, потребно е да го пополните формуларот за поплака, и истиот да го доставите лично во некоја од нашите филијали.
Доколку сакате да не пофалите или да го споделите Вашето мислење со нас, посетете го овој линк
Со почит,
Штедилница ФУЛМ
Информации за начина на поднесување на поплака
Почитувани Потрошувачи
Повеќе од 26 години Заедно ја градиме взаемната доверба преку секојдневна взаемна комуникација. Вашето мислење и Вашите потреби се од исклучителна важност за нашата понатамошна заедничка соработка , и во таа насока заедно работиме на подобрување на квалитетот на услугите и продуктите кои Штедилницата Ви ги нуди .
Доколку имате поплака, незадоволство и/или недоразбирање во однос на нашите производи, услуги или нашето работење, Ве молиме да го споделите со нас.
Начин на поднесување на Поплака
Доколку во досегашниот деловен однос и работење со Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје нешто Ве загрижува или сметате дека Ви е повредено, скратено или одземено некое право, Ве советуваме секое недоразбирање да го решиме усмено со обраќање кон вработените во најблиската за Вас, наша филијала.
Доколку сакате да ни доставите поплака со која изразувате незадоволство во однос на нашите производи, услуги или на нашето работење, истото можете да го направите со доставување на Поплака на еден од следниве начини :
-Лично во филијалите на Штедилницата и со пополнување на образец – Формулар за поднесување на поплака и/или своерачно потпишано барање;
-Лично директно во архивата на Штедилницата на адреса ул. Св. Кирил и Методиј бр. 48, 1000 Скопје, со пополнување на образец – Формулар за поднесување на поплака и/или своерачно потпишано барање;
– Поплака доставена по пошта директно во архивата на Штедилницата на адреса : ул. Св. Кирил и Методиј бр. 48, 1000 Скопје
– Преку електронска пошта на адресата : zalbi@fulm.com.mk
-На веб страната има означено место каде може да се достави пофалби и поплаки на Штедилница ФУЛМ https://www.fulm.com.mk/za-vas/pofalbi-i-poplaki/ , на кое е поставен и образец – Формулар за поднесување на поплака.
Телефонски: Контактирајте не на еден од следните телефонски броеви.
Потврда за прием
Приемот и обработката на Вашите поднесени поплаки е без надомест.
Штедилницата ќе Ви издаде /испрати потврда за прием на Вашата поплака доколку поплаката е поднесена преку архива на Штедилницата или по електронски пат.
За да може да постапиме по Вашата поплака неопходна е Ваша идентификација со увид во документот за лична идентификација ( лична карта /или пасош ). Вашите лични податоци се доверливи и се обработуваат само од овластени лица заради истражување на причините и околностите за поднесената поплаката. Доколку имате промена на личните податоци, и не сте направиле ажурирање на истите во Штедилницата, Ве молиме пред да доставите поплака, да дојдете во најблиската филијала и да направите ажурирање на Вашите лични податоци.
Доколку доставите само усна поплака со лично присуство, Ве известуваме дека штедилницата нема обврска за разгледување на усната поплака, a нашите вработените ќе Ви го објаснат начинот на кој може да поднесете поплака.
Вашите поплаки треба да бидат разбирливи и јасно напишани за да може да се согледа Вашето барање и/или молба.
Вашата поплака треба да ги содржи следниве податоци :
– Податоци за идентификација( Ваше Име и презиме, контакт податоци (телефон, е-пошта, адреса ;
– Производ/услуга на кој/а се поплакува те – наведете за кој производ и/или услуга доставува те поплака;
– Содржина на поплаката – детално опишете го Вашето барање и доставете Прилог-документација (доколку ја поседувате ) ;
– Исходот кој што го очекувате во врска со доставената поплака
– Начин за понатамошна комуникација и доставување одговор на поплаката: на адреса која е евидентирана во системот на Штедилницата, на Вашата e-адреса којашто е евидентирана во системот на Штедилницата.
Сите поплаки доставени до Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје се разгледуваат согласно законската и подзаконската регулатива и интерните акти на Штедилницата. Секоја доставена поплака се разгледува и одговара од Лице надлежно за прием и евидентирање на примените поплаки. Во постапката на решавање на поплаката се прегледува документацијата, поврзана со конкретната поплака.
Одговор на Вашата поплака
Лице надлежно за прием и евидентирање на примените поплаки ќе ги преземе сите неопходни активности и ќе Ви достави одговор во најкраток можен рок, но не подоцна од 15 работни дена. Во случај кога одговорот не може да биде доставен во очекуваниот рок од 15 работни денови, лицето надлежно за прием и евидентирање на примените поплаки ќе Ве извести за причините за доцнењето на одговорот и ќе наведе рок кога ќе го добиете одговорот, кој нема да биде подолг од 35 дена.
Доколку не сте задоволни од добиениот одговор од Штедилницата, имате право да поднесете поплака до Народната Банка на Република Северна Македонија.


