Go Green -Активности

Преку различни еко активности сите ние придонесуваме за позелено и оддржливо општество!

Ако сакаш да го промениш светот, почни од себе!
Go Green!

  •  

ФУЛМ Штедилница / FULM Savings House е дел од обуката за оддржливо финансирање и примена на ESG – (Environmental, social and governance) стандарди, која се оддржува во Белград, во организација на Здружениe на банките на Србија. (Udruženje banaka Srbije)
  •     

Постојат многу начини да се заштеди, на пример ние наместо да купуваме готов компост за цвеќињата, одлучивме сами го направивме од🍂 паднатите листови кои не се ѓубре, туку вредни суровини што можат да се користат во 🌷градината, од листовите се добива вреден хумус, кој ја подобрува структурата на почвата и ја зголемува нејзината плодност. 🌱
👧🧒👦👩Така нашите дечиња го одбележаа денот на штедење, создадоа компост, ја оплеменија градината пред Централата и филијалите на Штедилница ФУЛМ и покажаа како треба сите да се грижиме за нашата околина.
#ДенНаШтедење #31Октомври
🍀Еко индустрискиот дизајн беше нашиот избор при реновирањето на канцелариите на Централата на Штедилница ФУЛМ.
Зошто токму во таа насока❓ Затоа што ФУЛМ во последните години силно е определен да се движи во правец на Зелената Агенда 2030. При реновирањето, дел од стариот мебел го преработивме во клупи, кои ги поставивме пред Централата и сега ќе можат да ги користат и вработените во Штедилница ФУЛМ, но и сите станари и случaјни минувачи.
Најголема помош имавме од нашите дечиња, кои со голема возбуда ни помогнаа да го оплемениме нашиот🌿 ,,двор” пред Централата.
🌎Агенда 2030-Цел за оддржлив развој бр.11 “Одржливи градови и заедници”
По повод Светски ден на планетата Земја (#worldearthday2023) 22 Април, ние вработените од Штедилница ФУЛМ го одбележавме со засадување на многу цвеќенца🌷🌹 и зеленило 🍀пред нашата Централа. Веруваме дека со оваа наша активност ќе ги поттикнеме сите да се приклучат во што повеќе вакви “Зелени” иницијативи.
Среќен ден на планетата земја 🌎

.

🚴🚴‍♂️🚴‍♀️Во спортски дух, ние вработените од ФУЛМ, го одбележавме Светскиот ден на велосипедот #WorldBicycleDay со ПОРАКА ДО ВАС- СЕКОГАШ КОГА МОЖЕ ДА ОДБЕРЕТЕ ПРЕВОЗ – ОДБЕРЕТЕ ГО ВЕЛОСИПЕДОТ и дајте го својот придонес за ПОЧИСТА животната средина и ПОДОБРО здравје!

Организиравме натпревар каде што нашите следбеници на социјалните медиуми одлучуваа која филијала е најдобро украсенасо природни и еколошки материјали, а победник беше филијалата Тиквешија.