Политика за адекватност на капиталот

ПОЛИТИКА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА АДЕКВАТНОСТА НА КАПИТАЛОТ

(1) Оваа политика е поделена на неколку поглавја:

    • Утврдување на стапка на адекватност на капитал
    • Сопствени средства
    • Актива пондерирана според кредитен ризик
    • Капитал потребен за покривање на оперативниот ризик
    • Капитал за покривање на валутен ризик
    • Сегрегација на должности и одговорности при работењето
    • Известување
    • Преодни и завршни одредби

(2) Стапката на адекватност на капиталот се пресметува како однос помеѓу сопствените средства на Штедилницата и актива пондерирана според ризикот.

(3) Капиталот потребен за покривање на ризиците претставува збир на:

    • Капиталот потребен за покривање на кредитниот ризик
    • Капиталот потребен за покривање на оперативниот ризик
    • Капиталот потребен за покривање на валутниот ризик

(4) Штедилницата е должна да обезбеди адекватно ниво на сопствени средства во зависност од видот и обемот на финансиските активности и висината на ризиците кои произлегуваат од извршувањето на тие активности. Делот од сопствените средства потребен за покривање одреден ризик не може истовремено да се користи за покривање други ризици.

(5) Штедилницата е должна да одржува стапка на адекватност на капиталот, којашто не може да биде пониска од 21.2%.

(6) Штедилницата е должна да одржува однос помеѓу Капиталот за покривање на ризиците и Сопствените средства не поголем од 90 %

  •