Марија Лиотиковска – најдобар службеник на Штедилница ФУЛМ за 2020

marija Настани и Промоции

Горди сме на нашата колешка Маја Лиотиковска која доби признание за најдобар службеник на Штедилница ФУЛМ за 2020 од Македонската банкарска асоцијација

“Почестена сум што оваа година наградата за најдобар службеник на Штедилница Фулм дојде во мои раце. Им благодарам на сите што дадоа можност да се докажам и создадоа услови за да ја заслужам. Посебно благодарам за мојата директорка Елеонора Згоњанин Петровиќ која пред 5 години ме избра како дел од нејзиното, а сега наше семејство. Благодарам на колегите, фамилијата како и на сите членови на Штедилница Фулм. Во иднина подарокот ќе ме потсети на тешките, но прекрасни минути поминати во заедничка работа со моите драги колеги во оваа година со многу предизвици. Ова е само поттик за мене, да бидам уште подобра во иднина.” ќе изјави Маја по повод признанието за најдобар службеник

Среќен ден на штедењето!