Врз основа на Законот за работни односи, Штедилница ФУЛМ распишува:
ОГЛАС
За вработување на 1 (еден) работник на работно место Референт за контрола на усогласеност со прописи во Штедилница ФУЛМ. Датум на започнување ќе биде во зависност од работното место кое го извршува во моментот.
Кандидатот треба да ги исполнува општите, како и следните посебни услови:
– завршен правен факултет со VII/1 или 240 кредити според ЕКТС,
– познавање на македонски и англиски јазик,
– возачка дозвола Б категорија,
– работно искуство во финансиски сектор најмалку 3 години (се смета за предност)
– познавања за работата на Штедилница ФУЛМ
Кандидатот треба да ги поседува следните вештини и способности:
– планирање, анализа и организација
– изготвување на извештаи,
– комуникација и презентација
– тимска работа во мултикултурно опкружување,
– приспособување на нови и различни задачи,
– извршување повеќе задачи истовремено и испорака во кратки рокови,
– подготвеност за работа надвор од канцеларија и во рурални средини,
– уредност и организираност.
Посебни работни задачи
- придонесува за законито и етички усогласено работење на штедилницата од страна на вработените и членовите на ЕС при исполнување на целите и нејзините задачи;
- следење и процена на усогласеноста на работењето на штедилницата со законите и прописите на Народната банка и другите надлежни органи;
- идентификација, мерење, известување и следење на ризиците од неусогласеност;
- спречување на појава на корупција и судир на интереси во работењето на штедилницата;
- промовирање на заштитеното внатрешно пријавување и запознавање на вработените со Законот за заштита на укажувачите;
- давање на мислење и препораки до Управителот и Единствениот содружник;
- изработка и ажурирање на интерни политики и процедури за усогласеност со прописите;
- едукација и советување на вработените во делот на усогласеност со прописите
- повремена комуникација со ревизори, регулатори и инспекциски надзор
- посета на обука за подобро извршување на работните задачи
- изработка на извештаи за Управител, Единствен содружник и останати засегнати страни, најмалку месечни извештаи за усогласеност на работењето на штедилницата со прописите, за Управителот на штедилницата и полугодишени извештаи за усогласеност на работењето на штедилницата со прописите за Единствениот содружник на штедилницата.
- други активности поврзани со остварување на работните задачи
Работното време изнесува 40 часа во работна недела.
Дневното работно време е од 8.00-16.00 часот.
Основната нето плата за наведеното работно место изнесува 30.000 денари и дополнителна нето плата по основ на деловна успешност помеѓу 6.000-10.000 денари
Кандидатите треба да достават пријава на оглас за работа на следната адреса на е-пошта: vrabotuvanje@fulm.com.mk За дополнителни информации, слободно контактирајте со нас.
Рокот за поднесување документи почнува да тече со денот на објавување на огласот и трае 7 (седум) работни дена
Изборот ќе се изврши во рок согласно Законот за работни односи, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
