Податоци за штедилницата 30.06.2025г.

Бојана Башовска Извештаи и Податоци

Со оваа Политика се пропишуваат извештаите и податоците кои Штедилница ФУЛМ е должна да ги објави, како и фреквенцијата на објавување на извештаите и податоците, начинот на оцена на соодветноста на објавувањето на тие извештаи и податоци и начинот на идентификување на материјалните, сопствените и доверливите податоци

Штедилница ФУЛМ ги објавува следниве извештаи и податоци:

1)      Основни податоци за Штедилницата и податоци за сопственичката структура на Штедилницата

2)      Најзначајните показатели

3)      Податоци за висината на сопствените средства

4)      Структура на активата пондерирана според ризиците, прикажана според одделните ризици и износ на капиталот потребен за покривање на соодветниот ризик, утврдени во согласност со регулативата на Народната банка за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот;

5)      Податоците и информациите за стапката на задолженост

6)      Услови под кои се врши прибирање на депозити;

7)      Услови под кои се врши кредитирање на физички лица;

8)      Образец ИП за недвижен и движен имот

9)      Податоци за Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)

10)  Писмената изјава за усогласеноста на објавените извештаи и податоци со барањата на Одлуката за објавување на извештаи и податоци