Уникатни изработки од дрво во „Две даски"

marija Вашите Тикет за бериќет искуства

Image

Почетоците на успешната приказна на Александар Велковски од Скопје и неговата работилница за обработка на дрво ,,Две Даски’’, тесно се врзани со ФУЛМ Штедилница.

Во 2019 година, Александар дојде во нашата филијала во Аеродром и ја сподели со нас својата намера за отворање на сопствен микро бизнис. Со задоволство излеговме во пресрет на неговата потреба за финансиска поддршка, особено што во фокусот на работењето на ФУЛМ во последните години, е поддршката за СТАРТ АП бизнисите, а задоволството е уште поголемо кога се работи за млади и невработени луѓе кои имаат идеи и сакаат да започнат сопствен бизнис.

Александар, во својата работилница се бави со дизајн и изработка на уникатни парчиња прекасно обработено дрво, поразлични од индустрискиот дизајн. Во неговиот опус на работа се: уникатни кујнски даски и декоративни елементи, производство на најразлични елементи за ентериер, и тоа: маси, столови сандаци за пчели, рамки за врати и други креативни идеи изработени од масивно дрво.

Штедилница ФУЛМ повторно е партнер на успешна приказна и сведок уште од самиот почеток, затоа со задоволство го поддржа бизнисот на Александар, за купување на дополнителен материјал за изработка и финансиска помош која му беше потребна за да ја надмине кризата настаната од пандемијата. Благодарение на успешната соработка и довербата, Штедилница ФУЛМ помогна заедно со новиот кредит ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ, со намалена камата и поповолни услови, благодарение на поддршката од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, наменет токму за ваквите микро бизниси.

Веруваме дека и во иднина ќе продолжиме заедно да чекориме успешно , посветено да градиме доверба и дека ние ќе бидеме идеалниот партнер за вашиот бизнис.