Завршивме одлична работа и сега уживаме!

marija Приказни за месец Август

Трајанка Танушева од с.Босилово, Струмичко.

Вработена сум  во приватна фирма, и живеам со сопругот пензионер во населеното место Босилово.

Веќе подолго време имавме желба да си ја  реновираме куќата, но финансиски не бевме во можност да го направиме тоа со мојата плата и неговата пензија.

Затоа одлучивме да се обратиме до Штедилница  ФУЛМ, каде јас веќе долги години сум член на ЗГ ФУЛМ. Вработените многу брзо ги спремија документите за кредит и за кратко време ги имавме парите.

Завршивме одлична работа, си го направивме тоа што си го бевме замислиле, го средивме кровот, надворешниот, внатрешниот изглед на куќата, и сега уживаме и многу  се радуваме на направеното.

Им препорачувам на сите луѓе кои сакаат нешто да си направат , да се подноват, или нешто да градат, да не се мислат, да отидат во Штедилница ФУЛМ и на брз и едноставен начин да си го решат  проблемот.

Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање