Двојна доза поддршка – за микробизнисите и за кредитокорисниците!

marija Настани и Промоции

Image

Двојна доза поддршка - за микробизнисите

и за кредитокорисниците!

Штедилница Фулм во своето 22-годишно работење

финансиски им помогна на над 10.000 микробизниси

и услужи повеќе од 30.000 кредитобаратели.

Новата промоција Двојна доза, опфаќа:

  • ОДЛИЧНА ПОНУДА ЗА МИКРОБИЗНИСИТЕ

Сите заинтересирани микробизниси треба да го пријават својот интерес за соработка, по што Штедилница ФУЛМ ќе купи од нив ваучери за нивните производи или услуги, по основа на издадена ф-ра/договор.

При изборот на микробизниси за соработка, предност ќе имаат микробизнисите коишто до сега користеле услуги од ФУЛМ.

Електронската пријава за интерес за соработка може да ја пополните на овој линк.

  • СУПЕР ПОДАРОЦИ ЗА КРЕДИТОКОРИСНИЦИТЕ  

Штедилница ФУЛМ, по случаен избор, ќе ги подари  ваучерите од микробизнисите   на оние коишто ќе подигнат кредит, почнувајќи од 16.4.2021 г.

  • Аплицирајте за кредит -онлајн или во најблиската филијала!

 

Критериумите за избор на микробизниси се:

  1. Да има целосно пополнета пријава за учество.
  2. Пријавените микробизниси да работат по принципот на деловна етика, да имаат добра кредитна историја и во согласност со законската регулатива.
  3. Штедилница ФУЛМ го задржува своето дискреционо право за избор на микробизниси за купување на ваучери.
  4. Да има интерес за заемна промоција на финансиските услуги на Штедилницата.