Политика за управување со репутацискиот ризик

ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РЕПУТАЦИСКИОТ РИЗИК

 

(1) Штедилницата воспоставува систем за следење и оценка на изложеноста на репутацискиот ризик на кој таа е изложена или на кој може да биде изложена.

(2) Штедилницата воспоставува и применува строги процедури за заштита на тајноста на податоците за своите клиенти, во согласност со Законот за банки и другите прописи со кои се регулира тајноста на податоците.

(3) Штедилницата воспоставува и применува процедури за заштита од злоупотреби од страна на вработените, како и за спречување на активностите на перење пари и финансирање на тероризмот, прекршување на забраните или преземање други активности кои значат непочитување на регулативата или имаат за цел да нанесат штета на трети лица.

(4) Штедилницата воспоставува интерен акт за постапување по поплаките од страна на клиентите и обезбедува негова соодветна примена. Во интерниот акт Штедилницата го определува лицето или организациската единица кое/којашто е должен/должна на редовна основа да изготвува Извештај за добиените поплаки и постапувањето во врска со нив, којшто се доставува до одборот за управување со ризиците. Функцијата за контрола на усогласеноста со прописите ги следи поплаките од клиентите на Штедилницата и учествува во активностите за постапување по поплаките.

(5) Штедилницата воспоставува и применува процедури за навремено и точно известување на регулаторните, супервизорските и на други органи за сите случаи и врз сите основи, предвидени со прописите (НБРСМ, УЈП и слично).

(6) Вработените, вклучени во процесот на управување на пазарниот ризик треба да бидат запознаени со содржината на политиката и интерните акти за управување со пазарниот ризик кои истите ги следат и почитуваат

(7) Штедилницата овозможува запознавање на врботените со содржината на Политиката и процедурите најмалку при измена на прописите,политиките или процедурите поврзани со овој вид ризик

(1) Управувањето со репутацискиот ризик ќе се врши преку:

1) Етички кодекс на Штедилницата – документ кој помага во коминикацијата и пристапот на Штедилницата кон Клиентите, Колегите, Филозофијата на ризик, Проценката на ризикот. Копија од етичкиот кодекс треба да биде доставена до Управителот, Единствениот содружник и Раководителите на филијалите. Тие треба да го спроведуваат системот на вредности при носење на секоја одлука.

2) Корпоративна комуникација-клуч за основање и одржување на корпоративна култура изградена на листа на вредности е чиста и континуирана комуникација. Комуникацијата може да прифати многу форми како: Делување на Управителот, стратегиски и бизнис план на Штедилницата, Кредитна политика, Признанија на вработените, наградување и обука, кредитен одбор и одобрување на кредити, интерни е-маил-ви, состаноци на вработените.